Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Влатко Илиевски со песната „Русинка“, ќе ја претставува Македонија на „Евросонг 2011“, што ќе се одржи во Дизелдорф, Германија.
Тој доби најмногу гласови од жирито и публиката, и убедливо победи на фестивалот „Скопје фест 2011“, кој воедно претставува национален избор за песна на Евровизија.
Влатко од трет пат успеја да отиде на Евросонг, откако предходните две години за малку му бегаше победата.
Втор беше Мартин Србиновски со песната „Рам Там Там“ и групата Офсајд и нивната „Секој ден“, што им обезбеди пласман во финалето на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови.
На Фестивалот беа доделени и повеќе други награди. Награда за посебен придонес и ангажман на Скопскиот фестивал постхумно му беше доделена на Драган Ѓаконовски – Шпато, а Лидија Кочоска доби награда за интерпретација во висина од 1.000 евра, што ја доделува Фондацијата „Тоше Проески“.