Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На американскиот дискографски пазар од денеска официјално ќе се појави албумот „Но бордерс“ на нашиот кумановец Боби Серафимовски. Носачот на звук го објави „УС Мјузик ентерпрајс - УС смут-џез“ од Северна Каролина.
Станува збор за смутџез-албум со инструментални теми, меѓу кои потенцијални хитови се песните „Sunrise on the beach“ иi „Faith in love“.
Со издавањето на овој мој интернационален албум почна да се остварува мојот американски сон, во што многу верував и работев деноноќно на неговото реализирање во реалноста. Презадоволен сум од звукот и од целокупниот изглед на албумот, од професионалниот однос на мојата менаџерка. Освен во САД, албумот ќе биде достапен и во Канада, но и во целиот свет преку онлајн-продажбата. Очекувам некоја од песните да биде употребена како музика во некој американски филм. Верувам дека од моите откупените 84 дела, набргу некое ќе биде дел на некоја вискобуџетна филмска приказна, за што ќе се погрижи мојот втор менаџер во САД, од „Сони мјузик пикчр“, вели Боби Серафимовски.
Боби во САД потпиша договор за соработка со познатата менаџменткска и издавачка куќа од Лос Анџелес „Мак авенју рекордс“. Оваа компанија ги застапува најпознатите имиња од светот на џез и блуз-музиката во Америка, а меѓу другите соработува и со синот на Клинт Иствуд, Кајл Иствуд, потоа со Стенли Џордан, оркестарот на Каунт Бејзи, Ричард Елиот, Рик Браун и многу други. Во „Мјузик он Мек авенју“ се лиценцирани повеќе од 70 негови композиции, кои веќе им се нудат на познати филмаџии и музички супервизори во Холивуд и низ САД.