Армиските и полициски ветерани подготвуваат билтен По повод празникот 11 октомври, Здружение на армиски и полициски\n ветерани Куманово, подготвува информативен билтен во кој ќе бидат \nсодржани информации за активностите кои досега ги реализирале.
Одложена акцијата “Македонија без отпад“ Акцијата “Македонија без отпад“, која требаше да се одржи утре е презакажана за 18 октомври.
Претплатнички карти за натпреварите на КК Куманово Од вчера започна продажбата на претплатичките билети за натпреварите\n на кошаркарскиот клуб Куманово. Билетите се за партер места за седење и\n сите се нумерирани.
Дератизација на подрачјето на општина Куманово Во понеделник започнува дератизација на подрачје на општина Куманово.
Општински натпревар на млади библиотекари Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“, на 15 октомври ќе се одржи општинскиот натпревар Млади библиотекари.
Со шаховски турнир до поголема свест за заштита од кражби На Градскиот плоштад денеска се одржа шаховски турнир под мотото “Повлечи потег, заштити го својот имот навреме“ во организација на отсек за превенција при СВР Куманово.
„Еуро Колеџ“ ќе соработува со „Даталаб“ Приватната високо образовна установа „Еуро Колеџ“ Куманово потпиша договор за соработка со словенечка компанија за развој на деловна информатика „Даталаб“.
Кумановските пчелари на саем во Белград Дваесетина кумановски пчелари утре и задутре ќе присуствуваат на меѓународен саем за мед во Белград, Србија.
Бесплатна рехабилитација на деца со телесни пречки Министерството за труд и социјална политика ги повикува родителите кои имаат деца со телесни пречки во развојот на возраст од 6 до 26 години да се пријават за бесплатна рехабилитација во Бања Банско во Струмица.
Младите на СДММ ги посетија старите лица во “Зафир Сајто“ По повод 1 октомври - Меѓународниот ден на старите луѓе, младите социјалдемократи денеска го посетија Домот за стари лица “Зафир Сајто“.
Отстранети тезгите на дивите пазарџии кај Зелен пазар Полицијата и инспекциските служби утрово ги остранија импровизираните тезги на дивите пазарџии пред влезот на Зелен пазар.
Промоција на книга за деца Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ утре во 12 часот ќе биде промовирана книгата за деца “Ојле брада во животинска балада“ од Трајче Кацаров.
Кумановските таксисти бесплатно ќе учат англиски Таксистите од Куманово бесплатно ќе го изучуваат англискиот јазик.
Ексклузивен салон на Мy Time во Куманово Најголемиот ланец на малопродажни салони на часовници и накит Мy Time ќе отвори салон во Куманово. Салонот се наоѓа на улицата „Маршал Тито„, поточно во редот на т.н. „скопски дуќани“, а отварањето ќе биде утре (среда 1.10.2014).
Во Куманово одбележана Недела за движење Со акција за бесплатно мерење на крвен притисок, на Градскиот плоштад, учениците од здравствена струка од техничкото училиште “Наце Буѓони“ и здружението ГРАД ја одбележаа европската Недела на движење.
УМС организира трибина за безбедност во сообраќајот Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 20 часот ќе се одржи трибина на која ќе се говори за безбедноста во сообраќајот.