×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид

    Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид

    Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и невакцинираните можат да ја шират делта варијантата подеднакво, но вакцината штити од тежок исход и хоспитализација како и од смртност кај оние што ќе ја примат

    Чиј имунитет е подобар, на вакцинираните или на прележаните?

    Чиј имунитет е подобар, на вакцинираните или на прележаните?

    Најновата одлука на Владата да дозволи нерестриктивен влез во објекти и настани од отворен карактер, за оние граѓани што прележале ковид-19 најмногу пред 45 дена, наиде на остри реакции кај дел од медицинската заедница. Се кршат копјата околу тоа кој имунитет е подобар и подолг, дали оној што е создаден по прележување на болеста или оној што е создаден со вакцинацијата. Дел од медицинските професионалци во земјата сметаат дека периодот од 45 дена е премногу краток и дека граѓаните кои ја прележале болеста тогаш имаат природна заштита и вакцина не им е потребна. Но, има и научни студии и ставови на релевантни здравствени институции кои сугерираат што порана вакцинација после прележувањето

    Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема

    Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема

    Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Исто така, во вакцините нема чипови. Првиот доказ за тоа е дозата на вакцината. Таа е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Што се однесува до вакцинацијата, таа во земјата е доброволна. Никој  никого не присилува да се вакцинира. Но, доколку некој не се вакцинира, тогаш тој може да има рестрикции во движењето – ограничувања каде може, а каде не може да влегува, како мерка за заштита на јавното здравје

    На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни

    На Инфективна се хоспитализирани 159 пациенти, а паркинзите на комплексот клиники „Мајка Тереза“ полни

    Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август  неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок  дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме, состојбата е дијаметрално спротивна. Во овој пост е испуштен контекстот. Вистинта, за жал е таква што ковид центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ е преполн со пациенти. Според министерот Филипче, на 24 август, целосниот капацитет на Инфективната клиника во Скопје е полн, односно има 159 ковидпациенти во клиниката и во модуларната болница

    Не е точно дека нема корона

    Не е точно дека нема корона

    Не е вистина дека коронавирусот не постои. СЗО уште минатата година прогласи пандемија заради високиот број на новозаразаени и починати од компликации предизвикани од вирусот. Научната фела уште на почетокот на 2020 потврди дека станува за вирусот Сарс Ков 2 заради што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. ПЦР тестовите за ковид-19 се прецизни и детектираат генетски материјал на Сарс Ков 2 вирусот, но не и вируси кои се причинители за настинка или грип, иако сиптомите во одреден дел може да бидат слични

    Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“

    Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“

    Австралија, според Worldmeters, има 25.836.750 жители. Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци, излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт. Така што, протестите не биле огромни, како што се прикажува во постот. Исто така, тврдењето дека e „започната револуција“ е далеку од реалноста, бидејќи на протестот не беа изнесени политички барања и не се бараше промена на власта. Демонстрантите со извиците „слобода“ бараа укинување на полицискиот час и на рестриктнивните мерки

    Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

    Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

    Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина.  Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви  докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа се процесира на глобално ниво. Целта на овие пријави е да се пронајдат нови несакани ефекти (евентуално) кои не се наведени во упатството за користење

    Целосно вакцинираните не одат во изолација, иако биле во контакт со позитивен на ковид

    Целосно вакцинираните не одат во изолација, иако биле во контакт со позитивен на ковид

    Во изолација одат сите позитивни граѓани, како и невакцинираните и непрележаните нивни контакти. Вакцинираните со две дози, како и прележаните пред максимум 45 дена, не одат во изолација, иако имале контакт, велат од Центарот за јавно здравје – Скопје. Според протоколите на СЗО, во изолација не оди вакциниран со две дози, ако поминале 14 дена од втората доза. Во изолација не одат ниту прележаните, ако поминале не повеќе од три месеци. Иако е докажано дека вакцинираните со две дози, а од втората доза поминале најмалку 14 дена, се во помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација, сепак и вакцинираните можат да ја пренесуваат делта варијантата. Важно е да се напомене и дека имунитетот не се создава веднаш после втората доза, туку неколку недели подоцна, зависно од тоа од кој производител е вакцината

    Немојте да постите 40 дена на вода како детоксификација после вакцина!

    Немојте да постите 40 дена на вода како детоксификација после вакцина!

    Објавата освен што дезинформира, таа е и опасна по здравјето на луѓето, затоа што доготрајниот пост на вода не смее да се практикува без медицински надзор, особено не 40 дена!  Научни студиии поажуваат дека долгорочните пости на вода се поврзани со нездраво слабеење, губење мускулна маса, постојан замор и може да му наштетат на имуниот систем. Што се однесува до вакцината, не е потребно никакво детоксифицирање од неа, затоа што во случај на мРНК вакцина, телото ја распаѓа мРНК и ја чисти од него

    Лага е дека треба да поминат најмалку 6 месеци од вакцинирањето пред да се планира бременост

    Лага е дека треба да поминат најмалку 6 месеци од вакцинирањето пред да се планира бременост

    Ниту еден од производителите на вакцини не тврди дека жените после вакцинација треба да почекаат одреден период пред да се обидат да зачнат бебе. Ниту еден официјален извор на информации не препорачува да се чека помеѓу шест месеци и две години пред да се планира бременост, како што дезинформира овој пост на Фејсбук. Такво нешто не е наведено ниту во препораките на Светската здравствена организација (СЗО), ни во препораките на Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ). Овој податок не е добиен ниту со некое истражување направено од релевантна медицинска институција. Вакви и слични објави коишто тврдат дека вакцините предизвикуваат стерилитет, се само еден од начините на кои антиваксерските движења се обидуваат, преку лажни информации и со заплашување, да ги убедат граѓаните да не се вакцинираат

    Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати

    Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати

    Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи  за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи

    Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата

    Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата

    Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните не го шират вирусот, па затоа се предлага тие (вакцинираните) да се изолираат од општеството. Нелогичното тврдење му е атрибуирано на професор по инфективни болести од Франција, Кристијан Пероне.  

    Големиот ресет во неколку чекори е фантазија и дезинформација

    Големиот ресет во неколку чекори е фантазија и дезинформација

    Наведеното во книгата, а и во постот што се споделува на Фејсбук, дека има некаков план за тоа како да се направи генерален ресет во неколку чекори, е незаснован на факти и претставува чиста фантазија и дезинформација. Опишаните 10 чекори во постот не се исполнија досега. Смртноста е најголема кај невакцинираните  и обратно, многу ниска кај вакцинираните. Ковид не е обичен грип или настинка, туку болест предизвикана од коронавирусот која може да биде мултисистемска и да нападне повеќе органи одеднаш, да доведе до цитокинска бура, ниска сатурација, долгорочни последици по сите органи. Вакцините, според некои експерти, спасуваат 900 животи на 100 илјади вакцинирани

    „Мајк Тајсон“ ја клевети штипската болница дека ликвидира ковид пациенти!

    „Мајк Тајсон“ ја клевети штипската болница дека ликвидира ковид пациенти!

    Ние имаме во целата пандемија само еден или двајца пациенти кои биле на респиратор. Конкретниот пациент, за кој се тврди дека сме го убиле, имал хронична опструктивна белодробна болест, донесен е, не од Струмица, туку од Валандово, со сатурација 55 и наод на двете белодробни крила, масивна пневмонија. Тој беше на кислородна поддршка, односно сипап маска, примен е во тешка состојба и во тешка клиничка слика, ни рекоа од штипската болница

    Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините

    Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините

    Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање на безбедна  вакцина, која ќе биде ефикасна и за постарите лица, без нуспојави и само хипотетички наведува дека ако има несакани реакции кај еден на 10.000, а тоа потенцијално може да погоди 700.000 луѓе. Никогаш не кажал дека нусефектите ќе бидат фатални, како што се наведува во објавата, која ја подгрева антиваксерската кампања и може да има негативно влијание врз процесот на вакцинација

    Во вакцините против ковид 19 нема графен оксид, луцифераза или спајк протеин

    Во вакцините против ковид 19 нема графен оксид, луцифераза или спајк протеин

    Дезинформација е тврдењето изнесено во постот дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид, луцифераза или спајк протеин, а споменувањето на другите состојки во фотографијата на постот во контекст на заплашување и спречување на вакцинацијата го сметаме за манипулативно зашто содржи полувистини, невистини и извртувања