Тестот за ковид не е наменет во него да се тестира вода, туку примерок од нос или грло!
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека тестот за детекција на коронавирусот излегува позитивен на вода. Како обид за докажување на таквото манипулативно тврдење презентиран е видео материјал, во кој лица кои личат на медицински персонал од лабораторија, а кои зборуваат на шпански јазик, го спроведуваат тестот со пет капки вода, кои што ги точат од обична чешма. Откако ќе се погледне видеото, се гледа и дека втората линија на тестот, која што треба да означува позитивен тест, се појавува, бледо, но, сепак, постои. Од ова, авторката на постот заклучува дека тестот е ,,позитивен на вода”.