×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крива Паланка прва општина во регионот со статут прилагоден за слепите и глуви лица

    10.12.2024 13:27 | Жаклина Цветковска

    Крива Паланка е прва општина не само во државата, туку и во регионот, која  го прилагоди својот статут за лицата со попреченост, односно за слепите и глуви лица.

    Крива Паланка прва општина во регионот со статут прилагоден за  слепите и глуви лица

    Статутот има аудио формат, Брајово писмо и знаковен јазик и веќе е достапен на општинската веб страница, беше истакнато на денешната завршна конференција на проектот „Пристапна и отворена општина“, кој го реализира здружението „Хендикеп плус“, во соработка со Општина Крива Паланка и со финансиска поддршка од Бугарската помош за развој.

    „На Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември, горди сме да го промовираме статутот кој како документ во форма што можат да го користат и лицата со попреченост за првпат е направен на Балканот. Истовремено, Крива Паланка е и прва општина која има формирано Совет на заедницата со попреченост, кој веќе има поднесено неколку иницијативи до локалната самоуправа“, истакна Бранкица  Димитровска, претседателка на Хендикеп плус.

    На настанот присуствуваше и новиот амбасадор на Бугарија во РСМ, Жељаско Радуков, кој истакна дека обврска на општините и државите е да создаваат услови за да може да се искористи капацитетот на лицата со попреченост.

    „Само со соработка и заедничка акција можат да се направат системски промени во заедниците за достојно место на лицата со попреченост. Ние ги поддржуваме ваквите иницијативи и се надевам дека и во иднина ќе соработуваме“, подвлече Радуков.

    Целта на проектот „Пристапна и отворена општина“ (Ништо за нас-Без вас“) е да се обезбедат социјални промени  иницирани од лицата со попреченост за потранспарентно, одговорно и инклузивно владеење на правото.