Премиера на “Вечера со глупаци“ Претставата “Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Димитар Еленов од Бугарија, на албански јазик, премиерно ќе биде прикажана во кумановскиот театар.
Реновирани тоалетите во училиштето “Христијан Карпош“ Во основното училиште “Христијан Карпош“ целосно се уредени и опремени санитарните јазли.
Регионална дирекција на УЈП со ново работно време Од 1 октомври, Регионална дирекција на УЈП Штип ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
Ветераните со хуманитарна акција за загрозените семејства Здружение на армиски и полициски ветерани организира хуманитарна акција која почнува денеска и ќе трае до 25 септември, за помош на загрозените семејства од Куманово и околината.
“Српско народно движење 1389“ организира крводарителска акција “Српско народно движење 1389 Македонија“, утре организира крводарителска акција во просториите на Црвен Крст Куманово.
“Талија“ откорна дрвја и поплави подруми Невремето проследено со врнежи и ветер што викендов го зафати Куманово, откорна повеќе дрвја во градот и поплави подруми во повеќе стамбени згради.
Трибина за згрижувачки семејства Трибина за згрижувачки семејства ќе се одржи во кружната сала на Kомитет во понеделник во 12 часот.
Затворен добиточниот пазар во Куманово Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре утре нема да работи и нема да се врши продажба на крупен и ситен добиток.
На Табановце запленети стапчиња за пчели 375 стапчиња за пчели против крлежи и 500 празни шишиња за прополис деновиве се откриени на граничниот премин Табановце.
“Син јазик“ во три стада во кумановско И во кумановско-липковскиот регион се регистрирани животни заболени од болеста “син јазик“.
“У кафанче карши Станче“ ќе игра во Велес Претставата “У кафанче карши Станче“, во која играат кумановските пензионери, на 21 септември ќе биде прикажана во Центарот за култура “Бели мугри“ во Велес.
„Рома труба фест„ по девети пат во Куманово Шест дувачки оркестри од Македонија и Србија, синоќа учествуваа на деветиот, традиционален, фестивал на дувачки инструменти „Рома-труба фест„ во Куманово.
Се кастрат дрвјата во центарот на градот Екипи од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ деновиве ги кастрат гранките на дрвјата во централното градско подрачје, кои претставуваат опасност за пешаците и возилата.
Трибина за превенција од жолтица Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ Куманов вечерва организира трибина за превенција од жолтица.