Обичаите за Прочка во Техничкото училиште Денеска во техничкото училиште „Наце Буѓони“ се одржа презентација на обичаи за христијанскиот празник Прочка на која присуствуваа ученици и професори од албанските и македонски паралелки.
Нови возила ќе набави Здравствен дом Куманово Здравствениот дом Куманово ќе го обнови возниот парк со две нови возила.
Учениците од “Браќа“ ја играа “Чорбаџи Теодос“ Во основното училиште “Браќа Миладиновци“, учениците ја изведоа претставата “Чорбаџи Теодос“.
Пајакот пак во „лов„ на непрописно паркираните коли Денови ќе започене со работа пајак службата во градот.
Работат за викенд и празник без пари Прекувремената работа не се евидентира никаде и не се плаќа, а работниците никој не ги штити, па работодавецот може да прави и да ускратува што сака, велат од Синдикатот
Поетско читање во “Гоце Делчев“ по повод 8 март Во Гимназија “Гоце Делчев“ писателите на ден пред 8 март ќе оддржат поетско читање.
Слабо оди собирањето потписи за претседателските кандидати Во канцеларија на ДИК во Куманово, слаб е одзивот на граѓаните кои даваат подршка на независните кандидати кои сакаат да учествуваат на претседателските избори.
Промовирана локалната стратегија за млади Локалната стратегија за млади во наредните 5 години предвидува отварање на информативни интернет сајтови за младите, формирање на сектор за млади и основање младинска куќа во центарот на градот.
УНИТ: Најзагрозените стечајци да не плаќаат МТВ Стечајните работници денеска протестираа пред подрачната канцеларија на Управа за јавни приходи во Куманово, со барање најзагрозените семејства да бидат ослободени од обврската да плаќаат радиодифузна такса.
Хуманитарна забава за семејството Шаими Во кафе бар “Чил аут“ вечерва во 19.30 часот ќе се оддржи хуманитарна забава за помош на семејството Шаими од с.Романовце.
Снимен првиот документарец за народниот херој Карпош На иницијатива на Здружение на армиски и полициски ветерани од Куманово, за првпат досега направен е документарен филм за народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
Изградено спортско игралиште во Никуштак Во липковското село Никуштак денеска ќе биде пуштено во употреба спортско игралиште во дворот на подрачното основно училиште “Култура“.
Над 350 стечајци поднеле барања Во Центарот за вработување Куманово заклучно со вчера се поднесени 350 барања од стечајците за материјално обезбедување.
Дамјановски: Кривичните пријави се политички мотивирани Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, смета дека кривичните пријави на директорите на јавните претпријатија имаат за цел ја оцрнат работата на локалната самоуправа пред престојните избори.
Промоција на локалната младинска стратегија Во Уметничка галерија утре во 13 часот ќе биде промовирана локалната младинска стратегија на Куманово.
Незаконски набавени камиони во „Чистота„? Директор на ЈП “Чистота и зеленило“ и уште тројца вработени во претпријатието се сомничат дека незаконски набавиле три половни возила за подигање и транспортирање на смет и една метлачка.