Кумановската гимназија го одбележа патронатот и годишнината од загинувањето на Гоце Делчев Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово денеска одбележа 78 години постоење и годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
„Ѓурѓовденски сабор“ по 13 пат во Старо Нагоричане Во општина Старо Нагоричане утре ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Ѓурѓовденски сабор“.
Во тек е исплатата на социјален и детски додаток за април Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2023 година.
Центарот за култура распиша конкурс за изложбата „Самоуки 2023“ Центарот за културата „Трајко Прокопиев“ го распиша огласот за традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2023“ на кој можат да се пријавата сите неакадемски уметници од Општина Куманово. Конкурсот е отворен до 26 мај, а изложбата е закажана за почетокот на јуни.
Украдени пари во црквата „Света Петка“ во Бедиње Непознати сторители насилно влегле во црквата „Света Петка“ во населбата Бедиње, при што одзеле пари.
Реакција на стопанственикот Бобан Спасовски на изјавата на градоначалникот Димитриевски Стопанственикот Бобан Спасовски од Куманово, денеска до медиумите достави реакција на вчерашната изјава на градоначалникот Максим Димитриевски, во врска со обвинувањата за злоупотреба на функцијата.
Кумановец фатен на дело додека обива автомобили Полициски службеници вчера во 2 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишен кумановец, бидејќи го фатиле додека краде од автомобили.
„За кого бијат камбаните“ премиера на Кумановскиот театар Кумановскиот театар утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „За кого бијат камбаните“ по текст на Ернест Хемингвеј, во режија на Мартин Кочовски.
Паѓаат цените на нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 28 април 2023 година.
Изнесените невистини ќе мора да ги докаже на суд, кажа Димитриевски откако бизнисменот Спасовски го обвини за злоупотреба на функцијата Секој може во јавноста да изнесе било што, и секако дека ќе следуваат соодветни законски постапки. Не ја изгледав целата емисија до крај, бидејќи не го заслужува моето внимание. Беа изнесени многу невистини и јас тоа ќе го докажам во легитимна судска постапка, кажа градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на днешниот брифинг со новинарите, по обвинувањата на бизнисменот Бобан Спасовски дека ја злоупотребува својата положба за коруптивни дејствија.
Кумановец од невнимание ја ранил сопругата со воздушна пушка Во Полициска станица Куманово вчера 26-годишен кумановец пријавил дека несакајќи со возушна пушка ја повредил неговата сопруга.
Повеќе од 55 отсто од ангажираните работници во Куманово не се обучени за безбедно извршување на работата Над 55 проценти од работниците во Куманово не се обучени за безбедност при работа, а дури 77 отсто од ангажираните не посетуваат таква обука, покажува истражувањето на невладината организација ЦРЦ ДРОМ од Куманово.
Пајак возилата се технички исправни и со сите дозволи, се работи за политички притисок, тврди Петрушевски Нема технички и документациски пропусти кај двете возила на пајак службата, туку проверките се политички мотивирани со цел да се нанесе штета на работењето на јавното претпријатие, тврди директорот на ЈП „Куманово - паркинг“ Сашо Петрушевски, откако МВР излезе со информација дека едно од возилата е неисправно и нема сертификат за употреба на кран за подигање на возила.
Старото пајак возило неисправно и без сертификат, покажала контролата на МВР Возилото на пaјак службата на ЈП „Куманово-паркинг“ е технички неисправно и нема сертификат за подигање на возила, покажала вонредната контрола што вчера ја извршила сообраќајната полиција.
Продолжени роковите за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук Владата на вчерашната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.
Лицата со попреченост исклучени од политичко учество Лицата со попреченост имаат еднакви права за политичко учество и треба да бидат поддржани и прифатени со вклучување во политичките и други процеси, што ќе овозможи нивна целосна партиципација во општествениот живот, беше истакнато на панел дискусијата „Политичкото учество на лицата со попреченост, организирана од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, што се одржа во ресторан „Грација“ во Куманово.