Изложба на фотографии „Моето село низ објектив“ на здружението Коло на српските сестри Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска беше презентирана завршната фаза од проектот „Моето село низ објектив“ во организација на Здружение на жени „Коло на српските сестри“во Куманово.
Повисоки цени на горивата од половина до еден денар по литар Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот еуросупер-95 поскапува за половина денар, додека цената на еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Изгоре аптека во Куманово Во Кумановската полиција вчера во 12.50 часот било пријавено дека настанал пожар во аптека на улица „Доне Божинов“ во Куманово.
Трибина на ВМРО-ДПМНE утре на Градскиот плоштад во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово утре/вторник/ со почеток во 17.30 часот ќе се одржи голема трибина во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.
Пионерскиот дом останува во државна сопственост, одбиено барањето на Општина Куманово за негово преземање Општина Куманово не доби согласност од Владата за преземање на Пионерскиот дом во своја сопственост и негово реконструирање и идно стопанисување.
Започна Меѓународниот сликарски конак „Грација 2023“ во Куманово Меѓународен сликарски конак „Грација 2023“ започнува од денеска и ќе трае во наредната недела. На сликарската колонија ќе учествуваат десетина уметници од Србија, Германија, Косово, Бугарија ,а почесен гостин ќе биде академик Васко Ташковски.
“Не љути се човече” избрана за најдобра маска на онлајн гласање Маската “Не љути се човече” која ја изработија учениците од средното училиште“Киро Бурназ” - Куманово е прогласена за маска на годината, на онлајн гласање што го организираше Фондацијата за култура и спорт на својата Фејсбук страница.
Избрано новото општинско раководство на СДСМ Општинската организација на СДСМ Куманово, синоќа на конференција го избра новото партиско раководство. На предлог на претседателот Александар Арсиќ, изгласани се 18 членови на Извршниот одбор и петмина во Надзорниот одбор.
Двајца повредени при судир на мотор и автомобил во Куманово Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.
Куманово по трет пат дел од еколошката акција „Генералка викенд“ По трет пат во Куманово се одржа еколошката акција „Генералка викенд“, организирана од „Man and Mountain“ во соработка со општината.
Безбедно и долично да поминат матурските прослави, апелираа од Секторот за превенција до матурантите Трибина под мотото „На матура без автомобил“ одржа Секторот на превенција на СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност при сообраќај на патиштата(РСБСП).
Дали членови „За наше Куманово“ се пишуваат Албанци заради вработување во Општината, прашува Левица Партиската припадност се покажува како клучен елемент при вработувањето во Општината и јавните претпријатија, кое во својот прв мандат Максим Димитриевски го правеше во интерес на СДСМ, а денес го прави во интерес на за сопственото т.н. политичко движење „За наше Куманово“, велат од партијата Левица, огранок Куманово.
Општина Куманово поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен вработен Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината за злоупотреба на службена должност, по член 353 од КЗ.
Почна проширувањето на лентите на граничниот премин Табановце за да се забрза протокот на товарен сообраќај за Отворен Балкан Започнаа градежните работи на граничниот премин Табановце - Прешево за проширување на пристапните сообраќајници од македонска страна, што има за цел да го забрза протокот на возила и олеснување на трговијата меѓу двете држави. Активностите се во целосна координација со институциите од српска страна каде наскоро ќе започне сличен инфраструктурен зафат.
Kонцерт на флејтистката Билјана Камчева во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва со почеток во 19.30 часот ќе се одржи концерт на флејтиската м-р Билјана Камчева. На програмата се дела од музичкиот барок од германските композитори Г.Ф.Телеман и К.Ф.Е.Бах напишани за соло флејта.
Зошто сме 100% сигурни во Тондах покрив Прочитајте зошто Тондах е покрив кој се прави еднаш, а во неговата сигурност се ужива со генерации. Потребата за сигурност го натерала човекот да гради дом за себе и за своето семејство. Да имаш покрив над глава одамна значи дека имаш одредена сигурност во животот.