Над 300 ученици во пет училишта го изучуваат италијанскиот јазик во Куманово Во рамки на одбележувањето на 30 години од воспоставување на дипломатски односи помеѓу Македонија и Италија, денеска во Куманово беше италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри.
Општина Куманово почна да доставува решенија за данок на имот за 2023 Се дистрибуираат решенијата за данок на имот за физички и правни лица за 2023 година во општина Куманово. Доставата започнала од вчера и се врши преку АД Македонска пошта, а според надлежните ќе заврши до крајот на наредната недела.
Индустриската зона Речица потенцијал за привлекување на италијански инвеститори Во развојно - индустриската зона во Речица постојат можности за привлекување на италијански инвеститори, кои пројавуваат интерес за рестартирање на одредени капацитети или инвестирање во нови производни погони, беше заклучено на средбата на амбасадорот на Италија Андреа Силвестри и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
Модна ревија на матурантите од „Перо Наков“ во Занаетчискиот дом во Куманово Модели креирани и изработени од матурантите на текстилно - кожарската струка од училиштето „Перо Наков“ ќе бидат прикажани на модна ревија, насловена „Магија во кругот - дизајн, мода, графика“, утревечер во 18 часот во Занаетчискиот Дом во Куманово.
За една година над 10.000 работници пријавиле во ССМ прекршување на работничките права Претставници од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) вчера во Куманово ја презентираа новата дигитална апликација ССМ - „Мои работнички права“, со која работниците на брз и едноставен начин преку мобилни телефон можат да ги да пријават прекршување на нивните права.
Да помогнеме четиригодишната Теодосија да ја победи тешката болест Теодосија Лазаревска од Куманово уште нема четири години, а веќе се бори со тешка болест - тумор на бубрег (Wilms).
Мал процент на деца со примена МРП вакцина во Куманово, закана за враќање на искоренетите болести, велат надлежните Многу малку деца во Куманово се вакцинирани со МРП вакцината против морбили, рубеола и паротитис, која им се дава на децата со полни 12 месеци. Тоа е и закана да се вратат веќе искоренетите болести кои можат да бида смртоносни, апелираат надлежните од Одделението за вакцинација во Куманово кои ги повикуваат родителите да ги имунизираат своите деца за дагизаштитат од ризикот од опасни болести.
Во тек е етапната исплата на априлските пензии Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец април.
Пријави проблем, интересен настан – сликај, снимај, прати инфо Кумановоњуз воведува нова рубрика „Ваш глас“, наменета за вести кои вие ќе ги испраќате до нашата редакција, а се однесуваат на проблеми, настани или случки што сте ги забележале или на кои сте биле директни или индиректни учесници.
Промоција на книгата „Скротителка на змејови“ од Дијана Петкова Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утревечер во 18 часот ќе се одржи промоција, презентација и популаризација на едно поинакво, автентично дело од авторката Дијана Петкова.
Викендов казнети 282 возачи во Куманово, 254 возеле брзо Полициски службеници од Куманово викендов спроведоа акциска контрола за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Тројца повредени при судир на возило на Кумановската болница и автомобил во Скопје На крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, синоќа во 23.20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.
Полицајци од СВР Куманово казнети за дискриминација врз колега по основ на политичко убедување Четворица полициски службеници од СВР Куманово се казнети за директна дискриминација сторена по основ на политичко уверување во областа работа и работни односи. Казната е изречена од надлежниот суд за прекршоци - Основен суд во Куманово, кој на четворицатаа дискриминатори им досудил прекршочни санкции, односно глоба од 250 и 400 евра.
Поевтинуваат бензините, дизелот по стара цена Бензините поевтинуваат, додека дизелот останува со непроменета цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Владата ќе дава субвенции до 25.000 денари за гасификација на домаќинствата во Куманово Домаќинствата во Куманово и Струмица, кои сакаат да се приклучат на гасоводната мрежа можат да аплицираат за субвенции во Министерството за економија, преку програмата за поттикнување на сигурноста во снабдувањето со природен гас во домаќинствата за 2023 година.
Флекс кредит потпиша договор за спонзорство со кошаркарскиот клуб ТФТ - Скопје Финансиското друштво Флекс Кредит се цели кон константно поддржување на спортот и спортската култура во земјата преку постојано спонзорирање на спортски клубови и настани во целата држава, а не помалку важна улога има и во поддржувањето проекти од голема важност за развој на граѓанските вредности во општеството.