Градиме партнерство меѓу полицијата и заедницата заради поголема безбедност, порача Спасовски од Куманово
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на Градскиот плоштад во Куманово, ја промовираше заедничката кампања на МВР и МПС, „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.