Развојот на локалната економија е приоритет на ЛЕСС Зајакнување и стабилизација на локалната економија и потребата од изградба на индустриски објекти на земјоделско земјиште, беа темите за кои денеска расправаше Локалниот економски социјален совет (ЛЕСС).
Приведен кумановец, дома му нашле кокаин Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19.45 часот привеле 28-годишен кумановец, бидејќи го фатиле со дрога.
Дизелот поевтинува за 2 денари, цената на бензините останува иста Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од вечерва на полноќ се намалува за два денара по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Новата цена на дизел горивото од вечерва ќе изнесува 80 денари за литар.
Ги запознаваме ретките болести: Пфапа синдром Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…
Повик до младите креативци да пријават свои проекти во Центарот за култура Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повикуваат младите креативни кумановци кои имаат квалитетна идеја, проект или уметнички перформанс, да ги пријават кај нив и заедно да ги реализираат.
Петнаесетина деца секојдневно питачат по кумановските улици, се бара системско решение за проблемот Проблемот со малолетните деца кои питачат не може лесно да се искорени и неопходна е меѓуинституционална соработка за изнаоѓање на системско решение со кое ќе се сузбие оваа појава. На децата и на нивните семејства потребна им е поддршка и едукација, а најприоритетно е овие деца да се вклопат во образовниот процес и во системот.
Повреден пешак на „Октомвриска“ Пешак се здобил со сериозни повреди, откако во него удрил автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Од кумановските училишта во оваа учебна година се отпишале 235 ученика, 182 се преселиле во странство, 53 во другите општини Вкупно 235 ученици од основните и средни училишта во Куманово се отпишале од почетокот на учебната 2022/23 година, затоа што со семејствата се отселите во странство или во другите општини во земјата.
Липковските брани имаат само 30 отсто вода Браните Липково и Глажња, од кои Куманово се снабдува со вода за пиење, во моментов имаат само 30 отсто вода. Малите количини се должат на недоволните врнежи од дожд и снег во изминатиот период.
Ги запознаваме ретките болести: Дентов синдром Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...
Промовирана книгата „Идентитетиот е приказна“ од Иван Антоновски „Идентитетиот е приказна“ од авторот Иван Антоновски вчеравечер беше промовирана во малата сала на Центраот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Поголема количина на прехранбени производи со изминат рок на траење пронајдени во камион и магацин Полициски службеници од СВР Куманово при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.
Изгубил контрола на автомобилот и удрил во паркиран автобус, 50-годишен возач жртва во синоќешната сообраќајка Г.И.(50) од Куманово е возачот кој синоќа загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во с.Доброшане.
Еден загинат во сообраќајка во Доброшане, опожарена куќа на „Доне Божинов“ Едно лице им подлегнало на повредите кои ги задобило во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Доброшане. Сообраќајката се случила синоќа по 20 часот, а интервенирала и Противпожарната служба, стои во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.
Од ноќеска на полноќ пониски цени на дел од горивата Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопштија дека од утре поевтинуваат дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство.
Продолжува со работа градскиот базен во Куманово По 3,5 месеци пауза, од денеска започна со работа Градскиот базен во Куманово. Од ЈП „Куманово-паркинг“, кое од неодамна стопанисува со овој објект, велат дека паузата е искористена да се изврши техничкиот сервис и да се исчисти објектот, по што се подготвени да продолжат со работа.