Во Куманово тројца починати на 64, 76 и 80 - годишна возраст и 53 нови случаи на ковид-19 Во последните 24 часа се направени 7.174 тестирањe, а регистрирани се 708 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 315, Куманово – 53, Тетово – 38, Струмица – 33, Штип – 24, Струга – 23, Кичево -21, Битола -19, Прилеп, Велес и Охрид – по 18, Гостивар и Кавадарци – по 17, Берово – 14, Дебар – 13, Делчево – 9, Крива Паланка – 8, Кочани, Неготино и Радовиш - по 7, Свети Николе – 6, Гевгелија и Кратово – по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Казнети 40 возачи за пребрзо возење во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово. Притоа санкционирани се 40 возачи.
Со вонредна инспекциска контрола ќе се бараат загадувачите на Кумановка Државен инспекторат за животна средина во Општина Куманово, во неделата извршил увид во река Кумановка, при што било констатирано дека има расфрлан отпад во коритото на реката.
Уште тројца починати и 46 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19.
Полицијата спречила лице да скокне од зградaта на поранешен „Житомел“ Полициски службеници пред два дена спречиле лице да скокне од поранешната фабрика „Житомел“ во Куманово, соопштува СВР Куманово.
Заев и Николовски ги повикаа граѓаните да пријавуваат корупција Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да се охрабрат и да ја пријавуваат корупцијата и да не се плашат од никого, а на функционери на сите нивоа им порача дека корупцијата не се исплати и дека последната дестинација на оние што го прават ова кривично дело е затворот и срамот пред заедницата.
Куманово на дното по бројот на вакцинирани, на врвот по бројот на починати во четвртиот бран Куманово е една од неколкуте општини во државата коишто имаат најмалку вакцинирани граѓани против ковид-19. Според статистиката на Министертсвото за здравство (МЗ), Куманово се наоѓа на четврто место по нискиот опфат на вакцинирани со само 33,2 проценти од граѓаните, а под нас се се само Струмица со 32,1 отсто, Дебар со30,9 отсто и Гостивар со 29.6 %.
Со новиот Законот за отпад палењето ќе се казнува со 200 евра, фрлањето ѓубре 150 евра Граѓаните кои ќе фрлаат ѓубре насекаде или ќе палат отпад и во иднина ќе поминуваат евтино. Физичките лица во иднина ќе се казнуваат со глоби од 200 евра ако спалуваат или закопуваат отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата. Со казни од 150 евра пак ќе поминат оние граѓани кои фрлаат ѓубре кајшто ќе им текне, додека глоба од 50 евра е предвидена за поединците кои не вршат селекција на отпадот или не го одлагаат отпадот во посебните контејнери наменети за ова.
Двајца починати и 65 новозаболени од коронавирус во Куманово Две лица на возраст од 67 и 77 години починаа од компликации на коронавирус, а уште 65 лица се позитивни на ковид-19. На ниво на државата регистрирани се 760 нови случаи, а починале 23 лица.
Граѓаните имаат уште 4 дена да ги пријават штетите од пожарите во кумановско Во наредните 4 дена сопствениците на опожрените куќи и имоти можат да ги пријават претрпените штети во Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Куманово.
Ќе ги исклучите ли и сите членови што ја потпишаа мојата кандидатура, праша Димитриевски Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум сеуште член на СДСМ. Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистинатаи не се служат со манипулации и инсинуации, одговори Максим Димитриевки, откако Зоран Заев кажа дека ќе биде исклучен од партијата затоа што го прекршил статутот.
Максим тргна против Максим, а во Куманово ќе победи тој што победува веќе 30 години, кажа Заев Максим Димитриевски ја донесе одлуката за исклучување од СДСМ кога одлучи да оди како независен кандидат, тој многу добро ја знае процедурата, но Максим тргна против Максим, рече денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев, за независната кандидатура на Димитриевски.
Уште една измама за огревно дрво - жртва 69-годишна жена од кумановско село Шеесет и деветгодишна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице при купување на огревно дрво.
Дел од градот и повеќе села денеска и утре без струја Поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, денеска и утре без струја ќе останат повеќе населени места.
Одлуката за мое исклучување од СДСМ е нелегитимна и шверцерска, вели Димитриевски Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевки, кој собра потписи за независен кандидат за градоначалник на престојните локални избори, реагира на одлуката на раководството да го исклучи од партијата.
Во некогашната касарна во Куманово ќе се формира Центар за обука за управување со кризи Зградата во која што се наоѓаше воената амбулантата во кругот на поранешната касарна „Христијан Карпош“ во кумановската населба Бедиње, ќе се реконструира за потребите на Регионалниот центарот за управување со кризи (РЦУК).