Од утре полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро, одлучи Владата Од среда полицискиот час ќе започнува на полноќ а ќе трае до 4 часот наредниот ден, терасите на кафеаните ќе работат до 23.30 часот, а со работа ќе почнат и фитнес центрите, одлучи Владата на денешната седница.
Распишан конкурс за учество на изложбата „Самоуки 2021“ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, објави конкурс за пријавување на дела за учество на традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2021“.
Во Куманово вчера се вакцинирале рекордни 1400 граѓани Во текот на вчерашниот ден во регионалниот пункт во Куманово се вакцинирале 1401 граѓанин од општините од Североисточниот регион. Од почетокот на масовната вакцинација до сега вакцинирани се вкупно 6505 граѓани.
Казнети 84 кумановци, 19 паланчани и 13 кратовци - не носеле заштитна маска На ниво на СВР Куманово 116 лица ќе се соочат со парична казна, поради прекршување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето. Прекршоците се направени во текот на изминатото деноноќие.
Пензионер останал без пари и без дрва, измамник 'оперира' низ градот 72-годишен кумановец денеска пријавил во полицијата дека бил измамен за 300 евра од непознато лице, со ветување дека ќе му обезбеди дрва за огрев.
Затворена е кујната во објектот „Пчелка“, се испитува дали имало труење со храна Затворена е кујната каде што се подготвувала храна за дечињата во три објекти на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово.
Триесетина деца кои одат во градинка со симптоми на труење од храна побарале лекарска помош Tриесетина деца со симптоми на труење од храна викендов побарале лекарска помош во Кумановската болница. Поради високата температура, повраќања, диареа и грчеви во стомакот, неколку се задржани на болничко лекување, а останатите се пуштени дома.
Полициски час од полноќ, кафеаните да работат до 23.30 часот и да се отворат теретаните, предлага Комисијата за заразни болести Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести од среда (12 мај), забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24 часот до 5 часот.
Опожарено возило во Куманово На паркингот на ул.„Борис Кидрич“, зад хотел Куманово, ноќеска било запалено патничко возило.
Шест години од „Диво насеље“ Пред точно 6 години, во вооружена престрелка во населбата „Диво насеље“ загинаа 8 припадници на полициските сили, а Куманово тие денови живееше во страв и неизвесност.
Волонтерите го прославуваат Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина Повеќе од 15 милиони волонтери од целиот свет денеска го прославуваат „8 Мај“, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во Куманово еден починат, 25 новозаболени и 25 оздравени од Ковид-19 Во последните 24 часа направени се 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19.
Три пожари за едно деноноќие во Куманово Противпожарната служба од Куманово вчера интервенцирала на ул. „Србо Томиќ“ каде се запалила семејна куќа од електрична исталација.
Еден починат, 27 новозаболени и 61 оздравено лице од Ковид Во последните 24 часа направени се 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19.
Тркалезна маса „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“ Справувањето со неформалната економија и потребата и значењето да се формализираат тие работни места, како за работниците, така и за општеството, се исклучително важни прашања и во нормални услови, а особено важно во услови на сериозна економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата Ковид-19, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на вчерашната тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“
Се расчистуваше депонијата кај „Туш“ како дел од акцијата „Генералка викенд“ Голема акција за расчистување на дивата депонија кај маркетот „Туш„ беше спроведена вчера, во рамките на еколошката кампања„Генералка викенд-За чисто како дома исто“, во оранизација на Man and Mountain од Австрија, општина Куманово, АРМ, ЈП„Чистита и зеленило“, локални, и државни институции, невладини организации, граѓански активисти и поединци.