Се преврте турски автобус во Куманово, трoјца повредени Турски автобус полн со патници попладнево се превртел на раскрсницата на автопатот Куманово- Белград, во населбата Долно Којнаре.
Куманово има проблем со водоснабдувањето само кога државата ја води ВМРО-ДПМНЕ, одговори Општината на обвинувањата на опозицијата Празни, неиздржани и невистинити се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се вложува во водоснабдувањето со инсталирање на најсовремена опрема и СКАДА систем на паметно управување, промена на електронски броила и реконструкција на постоечката водоводна мрежа во Куманово. Во моментов Куманово нема проблем со водоснабдувањето, одговорија во соопштение од Општина Куманово, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека локалната власт во предизборието ветила цевковод од 18,5 километри.
Кумановка пријавила обид за измама од 5000 евра Во СВР Куманово, вчера во 19 часот, 45-годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами за сума од 5.000 евра.
По 50 години се реконструира патот Куманово - Страцин, кажа министерот Спасовски Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик директорот Благојче Трпевски извршија увид во работите на рехабилитација на магистралниот пат Куманово – Страцин.
Каде е новиот цевковод од 18,5 километри што власта го вети на Куманово, праша советникот Стошевски Актуелната локална власт на СДСМ, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски на последните локални избори даде ветување пред граѓаните, дека ќе изгради цевковод Куманово-Липково.
Во населбата Карпош да се изгради зелен пазар, предлага советникот Петковски Населбата Карпош да добие уреден зелен пазар, за да се отстранат камионите кои нелегално прадаваат овошје и зеленчук на раскрсницата на влезот на населбата, предложи советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски.
ИРИ:СДСМ со 28 отсто, ВМРО-ДПМНЕ со 7 отсто поддршка за локалните избори во Куманово Доколку денеска се одржат локални избори, СДСМ би освоил 19 oтсто од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би имал поддршка од 16 проценти од избирачите, покажува истражувањето на територијата на Македонија, кое во текот на март годинава го спроведе Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Крводарителска акција организира СВР Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре ќе се одржи крводарителска акција, која ја организира Секторот за внатрешни работи Куманово.
Во Куманово нема новозаболени од ковид-19, активни се 49 случаи Во Центарот за јавно здравје(ЦЈЗ) во Куманово нема регистрирани нови случаи на ковид-19. Во дневната статистика заведен е само еден оздравен пациент. Досега во Куманово регистрирани се 8872 заразени, а активни се 49 случаи.
Дел од улицата Ленинова да стане двонасочна, побара советникот Јаќимовиќ Улицата „Ленинова“ која поминува пред поранешен „Вартекс“ наместо еднонасочна да стане двонасочна побара советникот на НСДП, Благојче Јаќимовиќ на вчерашната седница на Совет.
Истечените пасоши ќе важат до крајот на годината, велат од МВР Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.
Без вода потрошувачите на 10 улици во градот Поради интервенции на водоводна мрежа, денеска без вода во одреден период од денот ќе останат потрошувачите на 10 улици во градот.
ВИДЕО: Живот во ќорсокак Седумдесетина семејства во кумановската населба Карпош со години живеат во ќорсокак, бидејќи државата им ја приватизирала улицата и ги оставила без пристап до куќите.
Во Куманово нема новозаболени од ковид-19 Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово втор ден нема новозаболени и починати од коронавирус. Регистрирани се само тројца оздравени.
Советнички прашања утре на седница на Совет Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, во големата сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот. На дневен ред се само три точки.
Кај Табановце откриени 20 мигранти од Бангладеш, 9 малолетници На автопатот Куманово - Табановце, кај место викано „Костурник“, вчера во 8.10 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица.