Пријава за насилство против пет лица од Љубодраг Кумановската полиција поднесе кривична пријава, против А.А.(45), М.А.(43), С.А.(47), М.А.(21) и Д.А.(22) сите од с.Љубодраг, кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Јапонската амбасада донираше 60.000 евра за ехо апарат за Општата болница во Куманово Преку програмата за помош на човекова безбедност од страна на амбасадата на Јапонија во нашата држава, денеска беше потпишан договор за грант, со кој ќе обезбеди дигитален апарат за ултразвук за Интерното одделение во Кумановската болница, во вредност од 60.000 евра.
Куманово ќе добие 47,7 милиони денари за изградба на канализациja во Табановце, Четирце и Сопот од парите од ТАВ Општина Куманово ќе добие 47,7 милиони денари или околу 800.000 евра од од неизградениот карго аеродромот во Штип, кои Владата одлучи да ги подели на општините во државата.
Еден починат и 8 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.813 тестирања.
Ретроспективна изложба на фотоколонијата „Старо Нагоричане 2016- 2019“ Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток во 12 часот, ќе биде отворена Ретроспективната изложба на уметничка фотографија од Фотоколонијата “Старо Нагоричане 2016 – 2019“.
„Малата сирена“ за денеска распродадени, утре уште едно издание Во Театар Куманово денеска во 18 часот ќе се одигра претставата „Малата сирена“. За денеска сите билети се распродадени, а доколку има интерес утре ќе се игра уште една претстава.
Прекин на водоснабдувањето на четири улици во градот Поради интервенции на водоводната мрежа денеска без вода ќе бидат потрошувачите на четири улици.
Почина 79-годишен кумановец од коронавирус, тројца новозаболени Еден починат, тројца новозаболени и 6 оздравени од коронавирус, се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.
Бензините поскапи за еден денар, дизелот за половина денар Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави новите цени кои од ноќеска ќе се применуваат.
На Скопскиот аеродром фатен кумановец со лажен ПЦР тест, му го набавил пријател за 30 евра Кумановец со престој во Швајцарија е фатен на граничен премин на Скопскиот аеродром со лажен ПЦР тест.
Димитриевски ја напушти седницата за советнички прашања, се скараа со Мургашанска за деловникот за работа Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ја напушти седницата на советнички прашања откако со претседателката на Советот , Атина Мургашанска, двајцата од СДСМ, се скараа околу деловникот и правилата за водењето на седницата и правото на советниците да ги коментираат неговите одговори.
Казнети 124 кумановци затоа што не носеле маски на лицата Дури 124 граѓани на Куманово ќе платат казна затоа што во текот на изминатото деноноќие не носеле заштитна маска на лицето додека биле на јавен простор.
Возењето во алкохолизирана состојба најчеста причина за сообраќајки - oд почетокот на годината откриени над 70 пијани возачи во Куманово Во првите 45 дена во година санкционирани се 71 возач кај кои е откриено дека управуваат возило под дејство на алкохол, ова беше кажано на денешната сообраќајна акција „Безбедно во сообраќајот“, која има за цел да ја зајакне свеста и создаде поголема култура за сите учесници во сообраќајот.
СПМ дава поддршка за повлекување на Законот за попис Продолжи собирањето на потписи на Градскиот плоштад во Куманово, заради повлекување на Законот за попис. Членовите на Социјалистичка партија во Македонија, - огранок Куманово, денеска дадоа поддршка на оваа иницијатива.
Во Куманово нови 17 случаи на ковид-19, еден починат Во последните 24 часа регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19, a направени се 3.283 тестирања.
Санкции за 62 возачи поради брзо возење во Липково и Куманово Полициски службеници од СВР Куманово, денеска спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово и Липково.