Крива Паланка го одбележа Светскиот ден на волонтерството Општина Крива Паланка и Општинската организација на Црвен крст на пригоден начин го одбележаа Светскиот ден на волонтерството - 5 декември.
Еден починат, 56 новозаболени и 37 оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие, регистрирани се нови 56 случаи, 37 оздравени и еден починат пациент на 73-годишна возраст.
Кумановец заразен од коронавирус правел проблеми во болница, интервенирала полицијата Кумановец заразен од коронавирус направил проблеми во болница, поради што морала да интервенирала полицијата со заштитни одела, соопштуваат од МВР.
Во новиот државен буџет ќе нема пари за гасификација на Кумановската болница и за амбулантни возила, кажа пратеникот Петрушевски Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, ја обвини актуелната власт, односно мнозинството во Собранието, дека при донесување на Буџетот за наредната година не ги прифатиле предлози на неговата партија, коишто се однесуваат на подобрување на еколошкиот и здравствениот сегмент на животот на граѓаните во Куманово.
Оваа власт се грижи за лицата со попреченост, кажа Арсовска Лицата со попреченост очекуваат и им е потребна поддршка. Секој поединец е посебен и секој заслужува шанса и еднаква можност за остварување на своите права. Оваа власт се грижи за лицата со попреченост, рече на денешната прес-конференција, Александра Арсовска од СДСМ.
Еден починат, 52 новозаболени и 49 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19, а направени се 3399 тестирања.
„Порака наша“ го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост Виртуелни пораки за поддршка, честитки преку социјалните мрежи , но и подароци пристигнаа денеска до корисниците во Дневниот центар „Порака наша“ во Куманово, по повод 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Граѓаните да внимаваат при продажба на автомобили, апелира МВР Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се зачестени кривичните дела измами, при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија.
Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата ќе потроши 10.4 милиони денари Фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово го доби тендерот за зимско одржување на улиците и патишата во градот, вреден 10 милиони и 400 илјади денари.
Димитриевски се огради од Бучковски - неговите тези ги смета за велепредавство Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се огради од ставовите на специјалниот владин претставник за преговори со Бугарија, Владо Бучковски и неговите тези ги смета за велепредавство.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува договорот на штета на македонскиот идентитет, порача Мицкоски од Куманово „Го предупредувам македонскиот народ, граѓаните во Македонија на будно следење на тоа што се подготвува, на тоа што се преговара, а ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи идната влада, која што ќе биде влада на национално единство, нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува.
Еден починат, 36 новозаболени и 46 оздравени од коронавирус во Куманово Триесет и три лица починаа во последното деноноќие по компликации од ковид-19, а од 2.564 тестови регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Го враќаме сјајот на најзначајните објекти и спомен обележја во Куманово, кажа Стојановски Полека но сигурно Куманово почна да се менува и да го враќа сјајот на своите најважни објекти и спомен обележја кои се синоними кога ќе се спомене градот Куманово, рече на денешната прес-конференција Дејан Стојановски, член на ИО на ОО СДСМ Куманово.
Вработените во Центарот за култура донираа постелнина и средства за хигиена во Општата болница Куманово Вработените од Центарот за култура во Куманово од сопствени средства донираа постелнина, средства за хигиена и друг потрошен материјал во Општата болница во Куманово.
Пронајдена стара неексплодирана граната во Драгоманце Пронајдена е стара неексплодирана рачна граната во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане.
Занатскиот дом во Куманово обоен портокалово - да се спречи насилството врз жените и девојчињата Со осветлување на Занатскиот дом во портокалова боја, Општина Куманово се приклучи на кампањата „Кажи Не на насилството врз жени и девојчиња".