Донирани 15 компјутери во „Наце Буѓони“ за социјално ранливите категории - акцијата продолжува Околу петнаесетина компјутери, беа собрани во хуманитарната акција којашто ја започнаа учениците од Техничкото училиште „Наце Буѓони“, за да им помогнат на нивните соученици од социјално ранливите категории кои имаат проблеми со следење на онлајн наставата.
Од 1 март ќе може да се плаќаат сметки во пошта Од први март наредната година граѓаните повторно ќе можат да плаќаат сметки во пошта. Договорот со „Халк банка“ ќе биде потпишан до крајот на годинава, по што ќе имаат обврска во рок од два месеца да започнат со работа.
Двајца починати, 54 новозаболени и 34 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се регистрирани 1.161 нов случај на позитивни од ковид-19, од 3.314 тестирања, а починаа 26 лица.
Одбележана 77-годишнината од битката на Дренак Здружението на армиски и полициски ветерани денеска одбележа 77 години од битката на Дренак. По тој повод на спомен обележјето во селото беше положено цвеќе.
9.7 милиони денари ќе чини реконструкцијата на Центарот за вработување во Куманово, кажа Димитриевска Куманово ќе добие реновиран Центар за вработување во кој невработените лица и работодавачите ќе можат да ги добијат потребните услуги на побрз и поедноставен начин согласно заложбата на Владата и раководството на Агенција за вработувањe за создавање на ефективна и ефикасна јавна администрација, рече на денешната прес-конференција, Марија Димитриевска, раководителот на Центарот за вработување во Куманово.
Во сообраќајка тешко повредена млада кумановка 24 - годишна девојка се здобила со сериозни повреди откако во неа удрил автомобил.
Дивоградбите двојно ги намалија зелените површини во Куманово Дивоградите во Куманово, во изминатите дваесетина години придонесоа за намалување на зелените површини во градот.
Здружението „Козјак 2013“ организира предавање за планинарење По повод Светскиот ден на планината - 11 Декември, утре во 11 часот на Студена вода, Здраужението на планинари „Козјак 2013“ ќе одржи предавање за основите на планинарењете и планинарењето во зимски услови.
Еден починат, 40 новозаболени и 51 оздравен од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 929 нови случаи на ковид-19, а направени се 2758 тестирања.
Заврши изградбата на спортската сала во Техничкото училиште во Куманово Заврши изградбата на спортската сала на Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.
Бране Петрушевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Досегашниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и пратеник, Бране Петрушевски, ќе го води огранокот и во наредните 4 години.
Без вода потрошувачите на шест локации во Куманово Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска привремено без вода ќе бидат потрошувачите на повеќе локации во градот и приградските населби.
Во Куманово 15 новозаболени и 18 оздравени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.470 тестирања.
Се гради водоводна мрежа на улица во населбата Тоде Мендол Во тек е изградба на водоводна мрежа на улицата „2020“ во населбата Тоде Мендол во Куманово.
„Стоп за насилство врз женита и девојчиња“, порачаа од Форумот на жени на СДСМ По повод глобаланата кампања „16 денови активизам во борба против насилството врз жените и девојчињата“, членките на Форумот на жени на СДСМ Куманово, денеска на градскиот плоштад на граѓаните делеа маски со симболично лого „Не за насилство врз жените и девојчињата“.
Изложба на цртежи, графики и колажи на Валентина Илијевска во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре ќе биде поставена изложбата на цртежи, графики и колажи со наслов „Квадратот низ графики и цртежи“ од авторката Валентина Илијевска.