Утре без струја дел од „Октомвриска“ и Доброшане Потрошувачите на две локации во градот утре во одреден период ќе останат без електрична енергија.
Oд понеделник хронично болните на работа, задолжителен ПЦР тест за косовските државјани На вчерашната седница Владата на Република Северна Македонија ги усвои предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, хронично болните да се вратат на работа.
Старатели ќе можат да отворат сметка во друга банка за немоќни лица кои претходно биле во „Еуростандард банка“ Надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале трансакциска сметка во „Еуростандард Банка“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Шестмина новозаболени и седуммина оздравени од коронавирус во Куманово Шест нови случаи и 7 оздравени пациенти од вирусот ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Општина Куманово планира да се задолжи милион евра за купување на опрема за јавните претпријатија Општина Куманово сака да подигне кредит во висина околу 1 милион евра кај Светската банка за обнова и развој за да го подобри работењето на општинските претпријатија.
Откриено возило со мигранти, меѓу нив 10 деца Дваесет и еден мигрант е откриен во возило на штипјанец, откако се обидел нелегално да ги превезе во Липковско.
Без вода повеќе улици во градот Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска привремено без вода ќе останат потрошувачите на повеќе улици во градот.
Седум новозаболени и 25 оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последното деноноќие регистрирани се 7 нови случаи и 24 оздравени од ковид-19.
Во Куманово одбележан Денот на независноста Со положување цвеќе пред Споменикот жена борец на градскиот плоштад и одржување на манифестацијата „Заедно за граѓаните”, денеска во Куманово беше одбележан Денот на независноста на Република Северна Македонија.
Сообраќајка помеѓу мотор и пасат на „Октомвриска“ Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на крстосницата на бул.„Октомвриска Револуција“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Иво Лола Рибар“ во Куманово.
Градинките во Куманово ќе примат 253 деца според новите протоколи Во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово утре ќе бидат згрижени 253 деца. Толку родители поднеле барање и ги исполниле условите за сместување на нивните деца.
Над 80 отсто од родителите сакаат децата да посетуваат настава во училиштата Над 80 отсто од родителите на кумановските ученици се изјасниле наставата да се изведува во училиштата, кажа градоначалникот Максим Димитриевски, по состанок со директорите на основите и средните училишта во градот, каде се разговараше за начините на отпочнување на наставата.
Kумановските пожарникари добија нови униформи за гаснење на пожар на отворено Кумановските пожарникари со нови летни униформи денеска го одбележаа националниот празник „8 Септември“. Општина Куманово од сопствен буџет обезбеди средства за купување на 33 нови униформи или комплети за гаснење на пожар на отворен простор.
Поевтинуваат горивата, бензините за 0,5, а дизелот за 1,5 денари Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат, бензините за 0,5 денари, а дизелот за 1,5 денари. Намалувањето е резултат на пад на цената на суровата нафта на светските берзи.
Нема новозаболени, само 15 оздравени од коронавирус во Куманово Во изминатото деноноќие нема нозоваболени од коронавирус во Куманово. Во Центрот за јавно здравје регистрирани се само 15 оздравени.
Во четврток ќе се прска против комарци од земја Општина Куманово во четврток ќе изврши терестичка дезинсекција на подрачјето на Куманово, за уништување на возрасни форми на комарци.