Вечерва започнува Меѓународниот тамбурашки фестивал „Куманово 2020“ На градскиот плоштад Куманово, вечерва започнува 16-тиот Меѓународен тамбурашки фестивал „Куманово 2020“. Во две фестивалски вечери ќе настапат пет македонски групи.
Десет новозаболена од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последните 24 часа се регистрирани 10 новозаболени од коронавирус.
Започна ликовна колонија „Куманово 2020“ Наместо во Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, учесниците на овогодинешнава колонија ”Куманово 2020“ ќе творат во своите атељеа, поради проблемите предизвикани од коронакризата.
Рома-труба фест вечерва на градскиот плоштад во Куманово со Агушеви и Ферус Мустафов На Градскиот плоштад во Куманово, вечерва, со почеток во 19 часот, по 15-ти пат ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Рома-труба фест“.
Кумановци купуваат трилери, љубовни романи, но и македонска литература Кумановци на мини саемот на издавачката куќа „Матица Македонска“, во организација на Градската библиотека „Тане Георгиевски“ најмногу купувале трилери и љубовни романи.
Притвор за кумановец фатен со 15,77 грама марихуана 23-годишен кумановец доби 30 дена притвор на барање на Основното јавно обвинителство Куманово, откако во периодот од јануари до август годинава бил фатен со вкупно 15,77 грама марихуана, соопшти Јавното обвинителство.
Детската претстава „Приказна за една шума“ во четврток во дворот на Театар Куманово По седуммесечна пауза, во дворот на Театар Куманово, утре ( четврток) во 20 часот премиерно ќе биде изведена детската претстава „Приказна за една шума“, во режија на Никица Јанковски и Матеј Стојковски.
Во Куманово 23 новозаболени од ковид-19 Во Цетарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се нови 23 случаи од коронавирус. Сите се од Куманово.
Од утре почнува етапната исплата на августовските пензии Oд утре почнува исплатата на августовските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Концерти во „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никола“ во чест на празникот Голема Богородица Концерти во изведба на хорот „Света Злата Мегленска“ ќе бидат одржани во четврток во храмовите „Свети Ѓорѓија“ во Старо Нагоричане и „Свети Никола“ во Куманово, во чест на празникот Голема Богородица.
Општина Куманово ќе ангажира 10 образовни асистенти од ромска и други етнички заедници Општина Куманово ќе ангажира 10 млади невработени лица од ромска и други етнички заедници за работа како образовен асистенти за деца со пречки во развојот во основните училишта, преку проектот „Креирање на можности за сите“, а во рамките на програмата за „Општинско-корисна работа-СДЦ“.
Петмина новозаразени и една почината од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани 5 нови случаи на коронавирус и една почината пациентка на 68-годишна возраст.
Цената на бензините и дизелот со иста цена Цените на бензините и дизелот ќе останат исти согласно одлуката од 17.8.2020 година, додека пак намалување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 0,323% и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Голема Богородица – петок, неработен ден за православните верници Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), 28 август (петок) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.
Саем на книга пред библиотеката „Тане Георгиевски“ Градската библиотека „Тане Георгиевски“ од Куманово, во соработка со издавачката куќа „Матица Македонска“, организира мини-саем на книга кој ќе почне утре, а ќе трае до 29 август.
Оптика „Стил“ го слави првиот роденден со попусти и изненадувања за потрошувачите Со големи попусти и изненадувања за граѓаните, оптика „Стил“ оваа недела ќе го прослави првиот роденден.