Во Куманово отворена етно одаја Регионалната занаетчиска комора со поддршка на Министерството за економија отвори етно одаја во Куманово.
Малолетник и двајца возачи повредени во сообраќајка на автопатот Куманово- Скопје Три лица, меѓу кои еден малолетник се повредени во сообраќајна несреќа, на автопатот Скопје-Куманово, после наплатната станица Миладиновци.
Кумановските улици се прскаат со течност и им се фрла сол за да не замрзнат По улиците во Куманово од вчера се распрскува специјална течност да не замрзнат, а во централното градско подрачје се фрла сол по синоќешните врнежи од снег.
Еден починат, 12 новозаболени и 17 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19, направени се 2192 тестирања.
Бучен Козјак во соработка со Мој воздух постави мерни станици на територија на целата држава Компанијата Бучен Козјак инвестираше во 10 мерни станица за апликацијата Мој воздух. Десет од мерните станици се веќе поставени во Скопје, Куманово, Крива Паланка и Охрид, а најaвено е и поставување на уште 11 нови мерни станици во останатите градови низ државата.
Црвен крст подели помош на семејствата од поплавените подрачја Волонтерите од тимот за одговор при катастрофи од општинската организација на Црвен крст Куманово, поделија хуманитарна помош на семејства чии куќи беа зафатени од надојдените води на Крива Река и Пчиња.
Кратовка со фалсификувани евра отишла во казино Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ф.(24) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари", казниво по член 268 од Кривичниот законик.
Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот Од 21 јануари кафулињата и рестораните повторно ќе работат до 21 часот.
Цената на водата ја утврдува регулаторна комисија а не Советот, реагира Општината на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ Цената на водата ја утврдува Регулаторна комисија за енергетика(РКЕ), а Советот на Општина Куманово само ја потврдува.
Крива Паланка со буџет од 421 милион денари во 2021 година Буџетот на Крива Паланка за 2021 година изнесува 421.051.329 денари.
Угостителски објект на „11 Ноември“ работел по 18 часот, сопственикот ќе заработи кривична пријава Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 19.05 часот, извршиле контрола во угостителски објект на улица „11-ти Ноември“ во Куманово, при што констатирале дека објектот работи по дозволеното работно време и се уште има гости.
Нови 27 случаи и 23 оздравени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 2543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19.
Казна за 57 кумановци затоа што не носеле маска Педесет и седум жители на Куманово, ќе се соочат со парична казна затоа што не носеле маска на јавно место.
„Бадникова поворка“ со донација за Кумановската болница Топломери, перници и постелнини денеска донираше здружението „Бадникови поворки“ на Општата болница во Куманово.
Заради неодговорноста на локалната власт кумановци ќе плаќаат поскапа вода, рече Давидовиќ Заради неодговорноста на локалната власт на СДСМ и ДУИ, кумановци ќе добиваат зголемени сметки за потрошена вода, рече на денешната прес конференција, Милан Давидовиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Славеле роденден па го нападнале келнерот затоа што побарал да ги почитуваат протоколите Б.З.(26) од Куманово вчера во 16.30 часот пријавил дека во игротека во населбата „Гоце Делчев“, каде што работи како келнер, додека се оддржувала роденденска забава бил физички нападнат од М.Н. - организатор на роденденот и уште две лица гости на прославата.