Мени

Димитриевски: Куманово е ослободено на 11 Ноември од македонските партизани

Димитриевски: Куманово е ослободено на 11 Ноември од македонските партизани

Куманово е ослободено на 11 Ноември на 1944 година од страна на 17-та и 18-та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили, кои се наведени во Спомен зборникот 1941-45.

Од денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии

Од денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии

 Oд денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.

Заложбите за поголема инклузија на лицата попреченост се преточуваат во конкретни проекти, кажа Шахпаска

Заложбите за поголема инклузија на лицата попреченост се преточуваат во конкретни проекти, кажа Шахпаска

 Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.

Кумановската болница објави телефони на кои може да се добие информација за состојбата на пациентите со ковид-19

Кумановската болница објави телефони на кои може да се добие информација за состојбата на пациентите со ковид-19

Општата болница Куманово објави телефонски броеви преку кои членовите на семејствата на заболените од коронавирус ќе можат да добијат информации за здравствената состојба на нивните најблиски. Терминот за контакт со здравствените работници е секој ден од 12 до 13 часот, а се повикуваат граѓаните да не ги злоупотребуваат броевите.

Трајковска: Владата одобри дополнителни 900 милиони денари за поддршка во земјоделството за 2020

Трајковска: Владата одобри дополнителни 900 милиони денари за поддршка во земјоделството за 2020

Владата одобри 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, што покажува дека една од приоритетните заложби на оваа власт е поддршка и засилена помош на земјоделството, кое како и сите други гранки е погодено од корона-кризата, кажа на денешната прес-конференција, Весна Трајковска член на ИО на ОО СДСМ Куманово.