Мени

Владата ги објави протоколите за работа на кафулињата и рестораните

Владата ги објави протоколите за работа на кафулињата и рестораните

Работното време на угостителските објекти од утре е ограничено од 8 часот до 22 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција, предвидува протокол за работа на угостителските објекти, кој го донесе Владата на денешната седница.  

СДСМ да излезе од опозицискиот филм, му одговори Петрушевски на Илиевски

СДСМ да излезе од опозицискиот филм, му одговори Петрушевски на Илиевски

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, експресно одговори на обвинувањата на секретарот на општинската организација Оливер Илиевски, повикувајќи СДСМ да излезе од филмот дека е во опозиција и да ја прифати реалноста во која се наоѓаат граѓаните и државата.

Петрушевски да не се служи со лаги и манипулации, побара Илиевски

Петрушевски да не се служи со лаги и манипулации, побара Илиевски

 Секретарот на ОО СДСМ Куманово, Оливер Илиевски, на денешната прес-конференција го обвини  Бране Петрушевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, дека изнесува невистинити информации во медиумите и дека неговата партија останува матрица на лажење и манипулации.

600 пакети со храна и средства за хигиена за граѓаните на Куманово од полскиот народ

600 пакети со храна и средства за хигиена за граѓаните на Куманово од полскиот народ

 Амбасадата на Полска донираше 600 пакети со храна и средства за хигиена за ранливите категории на граѓани во Куманово. Донацијата ја донесе амбасадорот Војциех Тицињски, кој денеска се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски во Општина Кумaново.

Компанијата „Мега“ донираше респиратори за Кумановската болница

Компанијата „Мега“ донираше респиратори за Кумановската болница

Кумановската компанија „Мега“ заедно со уште три компании, донираа респиратори и медицинска опрема за инфективните одделенија во болниците во државата. Дел од опремата е наменета за Општата болница Куманово.

Четириесет и прва седница на Советот на Општина Куманово

Четириесет и прва седница на Советот на Општина Куманово

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 28 точки, повеќето извештаи за деловно-финсиско работење на јавните претпријатија. Седницата ќе се одржи во големата сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.