Во Куманово се раѓаат 4 бебиња дневно Во Општата болница Куманово, годишно се раѓаат околу 1600 бебиња, што во проесек излегува од 4 до 5 новороденчиња дневно.
Празникoт на сите светци неработен за католичките верници Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1 Ноември 2011 година (вторник), Празникот на сите светци е неработен ден за верниците од католичка вероисповед во Република Македонија.
Почнува зимското сметање на времето Викендов завршува летното и почнува зимското сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад.
Денес се слави Петковден Православните верници денес ја слават Света Петка. Празникот кој за многу семејства претставува семејна слава се одбележува денес како Петковден.
Висока делегација во посета на Црвениот Крст Претставници на Меѓународната федерација на Црвен крст Роџер Брек и Иман Улах го посетија општинскиот Црвен крст Куманово.
Проекти за финансиска подршка на земјоделците Од кумановската Агенција за развој и поттикнување на земјоделството ги информираат заинтересираните земјоделци дека во тек е јавниот повик за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
200 наставници чекаат решенија за работа Околу 200 просветни работници од Куманово чекаат одобренија за трансформација на работното место од Министерството за образование. Се работи за наставен кадар и технички перонал во основните и средни училишта во Општината, кои повеќе од две години работат по договор на дело, а треба да добијат решенија на неопределено време.
Започна обновата на документи за социјална помош Годишната обнова на документација за корисниците на социјална парична помош ќе трае до 2-ри декември, соопштуваат од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Куманово.
Светски ден за борба против трговија со луѓе По повод Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, утре претставници на Секторот за превенција при СВР Куманово и невладината организација „Калча ал брова„, ќе спроведат акција за информирање на младите.
Понеделник неработен ден за сите граѓани Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври e државен празник и е неработен за сите граѓани, но бидејќи празникот е во недела, неработен ден ќе биде понеделник.
Училиштата ги прославија патронатите Основните училишта „11 Октомври„ и "Магдалена Антова", како и земјоделското училиште „Киро Бурназ„ со свечени седници и приредби ги прославија патроните празници.
Времето денес: Сончево со засилен ветер Времето во Македонија ќе биде сончево и студено со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен североисточен ветер.
Се поправа главната улица во Иго Тричковиќ Екипи на приватното претпријатие „Хуљуси комерц„, работат на реконструкција на улицата „400„ во населбата Иго Тричковиќ.
Техничкото училиште го слави патронатот Со свечена приредба и полагање на цвеќе, денеска беше одбележан патрониот празник на техничкото училиште „Наце Буѓони„. Претставници од политичкиот, општествен и културен живот во градот, поранешни вработени и ученици присуствуваа на прославата.
Училиштето „11 Октомври„ го прослави патрониот празник Со повеќе ученички активности, основното училиште „11 Октомври„ ќе го прослави патрониот празник.
Црвено Куманово го прослави Денот на востанието Масовно и заедно, централната и локалната власт, денеска на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово ја прослави 70 годишнината од Денот на востанието на македонскиот народ.