Уште ги слушам аплаузите за Земјо моја
"Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила,
колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си
дала..." се дел од стиховите на песната "Земјо моја", која во 1977
година на Скопскиот фестивал ја испеа кумановецот Никола Давидовски -
Коле (61), а на годинешнава централна прослава по повод 20 години од
независноста на плоштадот Македонија во Скопје ќе ја пее Каролина
Гочева.