На Спомен костурницата ќе нема прослава на 8-ми Септември Поради демолирањето на дел од Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, локалната самоуправа ја откажа годинешнава прослава и положување на цвеќа по повод 20-годишнинта од независноста на Република Македонија.
Рома труба фест по шести пат Утре започнува, македонската Гуча, Рома-труба фест што по шестти пат ќе се одржи во Куманово. Фестивалот ќе трае два дена, а ќе настапат најпознатите дувачки оркестри од државата и странство.
Мулти-култи со нови содржини за младите Младински Центар Multi Култи продолжува со реализација на проекти за младите и во наредниот период.
Од денеска зелените картони поевтини Зелениот картон за патничките и товарните моторни возила од денеска се продаваат со пониска цена.
Во Старо Нагоричане успешен старт на учебната година Околу 400 ученици од основните училишта денеска без проблеми ја започнаа учебната година во општината Старо Нагоричане. Наставата се организира во 3 централни основни училишта и 11 подрачни.
Хуманитарен концерт за Порака наша Вечерва во 21.30 часот во клубот Версај ќе се одржи хуманитарен концер за помош на децата со интелектуална попреченост сместени во центарот Порака Наша.
Министерот за образование во Куманово Министерот и заменик-министерот за образование и наука, Панче Кралев и Сафет Незири, и шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет ќе ги посетат кумановските средни училишта „Наце Буѓони“ и „Перо Наков“.
Првите два дена училиштата со скратена настава Министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров денес остварија работна средба со членови на Хидрометеоролошкиот завод на кој се разгледуваа временските услови за наредните денови и донесоа одлука дека новата учебна година ќе започне на 1 септември.
Честитка од Дамјановски за Рамазан-Бајрам По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски упати честитка до сите верници од исламска вероисповед во градот и државата.
Секое училиште ќе добие полицаец Во сите основни и средни училишта во државата ќе се спроведува проект “Полицијата и учениците се дружат“, со кој над 150 полицајци ќе се грижат за безбедноста во училиштата.
Нема одложување на стартот на учебната година Министерството за образование и наука нема да го одложи стартот на учебната година поради високите температури, но не ја ни исклучува ваквата можност.
Голема Богородица се славеше во Карпино Со богослужба и народен собир вчера во манастирот Карпино во селото Сув Ора се прослави празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица.
За викенд пониски температури Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе биде и денеска. Ќе дува умерен ветер од источен правец. Температурата ќе биде од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Центарот на градот без вода Поради дефекти на водоводната мрежа без вода за пиење денеска ќе останат жителите на улиците „11 Октомври„, „11 Ноември„, „Љубе Гачев„ и булеварот „Октомвриска револуција„.
Утре пожешко од денес Бремените жени и лица постари од 60 години утре и задутре да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран кој ја зафати Македонија, препорачува Владата.
Горат Ругинце и Сув Ора Голем пожар веќе втор ден беснее во атарот на селата Ругинце и Сув Ора. Екипи на противпожарните единици од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и Кратово заедно со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за кризи и месното население, безуспешно го гаснат огнат, кој ветрот постојано го разгорува.