Пописот пропадна? Државната пописна комисија си поднесе колективна оставка, и откажани се сите понатамошни активности на три дена пред крајот на пописот.
Македонија одбележува 70 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ Република Македонија денеска одбележува 70 години од почетокот на Антифашистичкото востание и Народноослободителната војна.
Борците го одбележаа Денот на востанието Во салата на Младинскиот културен центар „Козјак„, денеска се одржа Свечената академија на Сојузот на борците, по повод 70 годишнината од Денот на востанието на македонскиот народ.
Ќе се дислоцира ли Центарот за лечење од зависности? Наркомани се дрогираат во близина на основното училиште „Кочо Рацин“ и градинката во населбата Гоце Делчев, обвинуваат родителите од оваа населба. Во близина на овие две институции се наоѓа центар за лечење од зависности, поради што присуството на наркозависници е доста големо.
Сакам среќно семејство Синиша Радуливиќ (34) од Куманово е еден од многуте млади луѓе во Општината, кој со години чека и се надева дека ќе се вработи. Секое утро се буди со мислата да добие понуда за работа и покрај тоа што знае дека економската состојба во државата е тешка.
Со вакцинација против сезонски грип Од вчера започна вакцинацијата против сезонски грип. Како што информираат од Центарот за јавно здравје веќе се вакцинирале 15 граѓани, а за потребите на Куманово набавени се 1200 вакцини. Доколку постои поголем интерес ќе се набават дополнителни количини.
Со проект ќе се зголемува бројот на доктори-Роми Претставници од Центарот за институционален развој, денеска се сретнаа со учениците Роми од средното училиште "Наце Буѓони",за да им го презентираат проектот "Подготовка на средношколците Роми за запишување на медицинските факултети во Македонија".
11 Октомври неработен ден 11 Октомври, Денот на народното востание е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Формиран еко-одбор во „Наце Буѓони“ Во рамките на проектот Еко-училиште и програмата за интеграција на еколошката едукација во образовниот процес во ОСТУ „Наце Буѓони“ денес беше формиран еко - одбор.
Со низа активности ќе се прослави 11 Октомври По повод 70 години од Денот на народното востание на македонскиот народ, локалната самоуправа со повеќе активности ќе го одбележи 11 Октомври. Во програмата на Секторот за култура и спорт предвидени културни, музички и спортски манифестации.
Поправен индустрискиот вод Денеска по 16 часот, пуштена е вода во индустрискиот цевковод до филтер станицата Куманово .
Патување во Србија со лична карта Министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска со српскиот министер Ивица Дачиќ денес ќе ја потпишат Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.
Се одбележува Детската недела "Борете се за децата" е мотото под кое се одбележува годинешнава детска недела. Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска, организираше свечен прием за децата и за преставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата.
Почна проектот „Безбедни училишта„ Mинатата недела во СВР Куманово се одржа средба со директорите од средните училишта за да се дадат упатствата и насоките за имплементирање на проектот „Безбедни училишта„.
„Липа„ дел од еколошко патувачко шоу Волонтери од еколошко друштво “Липа” од Куманово, заедно со институтот “Разум“ од Софија и “4х4х4 Балкански Мостови” – Скопје, со уште неколку невладини организации од Бугарија и Македонија,организираа патувачко шоу како дел од проектот „Животната средина е работа на сите”.
Започна обуката за попишувачи Во големата сала на Центарот за култура, денеска започна првата од двете обуки за реонските попишувачи што од први октомври ќе вршат попис на домаќинствата и становите во општините Куманово и Старо Нагоричане.