Голема Богородица и Бајрам неработни денови Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ 28 август 2011 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.
Куманово подготвено да се грее на природен гас Во предстојната грејна сезона со природен гас ќе се затоплуваат поголем дел од основните и средни училишта во градот, градинките, Општината како и поголем број стопанственици.
Нема оштета доколку скутер удри автомобил или пешак Осигурителните компании не плаќаат оштета доколку скутер удри автомобил или пешак, пренесува „Макфакс“.
Ова е жал. Станица во Бељаковце! На сликава се остатоците од некогашната железничка станица на некогашната железничка пруга Куманово-Бељаковце. Оддамна ја нема веќе железничката пруга со се шините и праговите, ги нема речиси веќе ни селата со се луѓето на кои пругата им беше единствената врска со светот.
За викендот температури до 39 степени Времето во текот на претстојниот викенд ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат и до 39. степен, информираат од УХМР.
Започнаа чествувањата по повод денот на Армијата По повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија денеска ќе се положи свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолоски на градските гробишта Бутел.
На Св.Макавеи во Герман Изненадувачки многу народ се имаше насобрано на прославата на христијанскиот верски празник Св.Макавеи во кривополанечкото село Герман.
Денес е првиот уписен рок за бруцоши на факултети Денес и утре е првиот рок за запишување во прва година за студиската 2011/2012 година на петте државни универзитети во Македонија. Има слободни 30.011 места, од кои 17.447 за редовни студенти во државната квота, 8.453 места во квотата за редовни студенти со кофинансирање на студиите и 4.111 места за вонредни студенти.
Нема политички пречки, попис од 1-ви октомври. На први октомври почнува пописот во Република Македонија. Техничките и политичките пречки за реализација на оваа статистичка категорија, се елиминирани - уверува претседателката на Државната пописна комисија, Весна Јаневска.
Метеор го осветлил Куманово По објавување на информацијата на Кумановоњуз дека граѓаните на Куманово, во понеделникот виделе светлосна топка над градот, до нашата редакција пристигна објаснување од Кумановското астрономско друштво Кокино.
Кој е газда, мечки да го... Кој е газда на хотел „Куманово“ бре луѓе, мечки да го газат! - прашува дедо застанат под сенка пред влезот од некогашниот репрезентативен угостителски објект, најлуксузен од Скопје до Врање, а бога ми и до Ниш. Така вели дедо Мите, жално гледајќи во некогашниот убавец, а сега руина.
НЛО над Куманово? Кумановци во понеделникот навечер над градот виделе голема светлина која кратко се задржала на небото, а потоа исчезнала.
Во сабота вториот испитен рок за државна матура На 13-ти и 16-ти август ќе се одржи вториот испитен рок за тестирање по испитите од државна матура за учениците што во јуни воопшто не ја положија или не во целост.
Е, тоа ти е удирање! Деновиве, семафорот на главната раскрсница кај ,,Митев мост‘‘ осамна кутнат и парчосан на троторатот.
Одделението за превенција со нови проекти за учениците Одделението за превенција при СВР Куманово од септември ќе започне со реализација на два проекти наменети за учениците од основното и средното образование.