Струмичани не сакаат да продаваат на терминалот на Агро-Куманово Денеска беше спроведена уште една неуспешна акција за отстранување на дивите пазарџии на овошје и зеленчук од паркингот на спортската сала во Куманово. Со асистенција на полицијата, утринава пазарџиите биле префрлени на некогашниот царински терминал на „Агро-Куманово„, но тие одбиле да останат таму со образложение дека нема услови за нормално работење.
Градот ќе се чисти од крлежи и глувци До крајот на овој месец и почетокот на наредниот, ќе се врши уништување на крлежи и глувци во градот. Од Општината информираат дека подготовките се во завршна фаза и акциите ќе се реализираат во предвидениот рок.
Моторџии и пешаци ќе одат на сообраќајна поука Изминатиот викенд полицијата спроведе превентивна акциска контрола на сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Зголемен број на пожари во Кумановско За само 4 дена на територијата на општина Куманово се предизвикани над 15 пожари. Противпожарната единица Куманово во просек интервенирала по пет пати на ден, главно во гаснење на опожарена сува трева, стрништа, запалени кабли и куќа.
Се уредува „НАТО“ раскрсницата Раскрсницата на автопатот во населбата Долно Којнаре што за време на воениот конфликт беше отворена за потребите на возилата на „НАТО“ војниците, деновиве се уредува и проширува.
Повеќе течности, помалку мрсна храна За заштита од високите температури и намалување на ризици врз здравјето од дејството на топлотниот бран лекарите препорачуваат да се избегнуваат какви било напорни активности - вклучуваќи спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период од денот.
Новинарите денеска на протести Синдикатот на медиумските работници и Здружението на новинари на Македонија, денеска организираат протестен собир по серијата отпуштања и најавата за затворање на повеќе медиуми.
Мулти-култи со нови простории Младинскиот Центар MULTI-КУЛТИ утре ќе отвори нови простории на урбана заедница „Тоде Мендол„ на улицата Вук Караџиќ. Отварањето е закажано во 12.00 часот.
Трибина за Законот за јавно здравје Центарот за јавно здравје Куманово организира трибина на тема „Законот за јавно здравје и местото и улогата на центрите во здравствениот систем на Република Македонија„.
Општината исполни дел од условите за превземање на државното градежно земјиште Во Министерството за транспорт и врски, денеска се доделени овластувањата за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на лица вработени во единиците на локалната самоуправа.
Кумановските бранители ќе летуваат во Претор Раководството на кумановското Здружение на бранители во воениот конфликт во Македонија во 2001 година соопшти дека за своето членство организира летен однор во туристичкиот феријален камп во Претор на брегот на Преспанското езеро.
Јанкуловска на Tабановце Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со претставниците на Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, денеска во 14 часот на Граничниот премин “Табановце“ ќе го промовира новиот пропаганден материјал.
Од градот отстранети 500 кучиња скитници Екипите на ветеринарно-сточарскиот центар "Тодор Велков" уловиле 500 кучиња скитници во градот и околината од почетокот на годината. Екипите интервенирале по јавувања на граѓаните, но и организирано преку месните заедници и надлежните инспекциски служби.
Со обучени наставници против насилство во училиштата Обука за ненасилство во училиштата се одржа денеска во основното училиште "Крсте Мисирков". Професори од пет училишта присуствуваа на предавањето што има за цел да ја спречи појавата на насилно однесување на децата во училишните клупи.
Продолжува полагањето на државната матура Полагањето на интерните испити од државната матура започна денеска во 10 часот, со полагање на Англиски јазик (интерен), Германски јазик (интерен), Математика (интерен), Историја, Географија, и Бизнис.
Утре започнува летото Летото на северната земјина полутопка календарски ќе започне, утре во 19 часот и 16 минути.
ВРАТИ СЕ БРАНКО, ВРАТИ СЕ ГРУЈО, СЕ ВИ Е ПРОСТЕНО! Знам дека кога ќе ја видите мојата слика и до неа насловниот текст,... Виктор Божиновски