Гимназијалците ќе ја играат „Радован трети“ во театар Во театар Куманово во понеделник и вторник во 20 часот, ученици од Гимназијата “Гоце Делчев“ ќе ја играат претставата “Радован трети“.
Во „Христијан Карпош“ регионален натпревар по англиски Во основното училиште „Христијан Карпош“ во сабота со почеток во 9.30 часот, ќе се одржи регионален натпревар по спелување на англиски јазик.
Казни за непочитување на Законот за трговија Државниот пазарен инспекторат од 14 до 19 април казни повеќе фирми во Куманово, за непочитување на Законот за трговија и други прекршоци.
„Зошто (не) го изедов татко ми“ игра во кино „Козјак“ Францускиот анимиран филм за деца „Зошто (не) го изедов татко ми“ на Жамел Дебуз, деновиве игра во кино „Козјак“.
Пензионерите организираат стрелање со воздушна пушка Здружението на пензионери Куманово, утре во 17 часот во клубот кај Автобуската станица организира спортско стрелање со воздушна пушка.
Концерт на млади музички уметници Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19 часот, концерт ќе одржат млади музички уметници.
ДПСМ избра ново раководство во Куманово На редовно изборно собрание општинската организација на Демократската партија на Србите во Македонија избра ново раководство.
Единаесет улици и Пелинце без струја Единаесет улици во центарот на градот и селото Пелинце, утре ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Планинари ќе се искачуваат на Китка и во Мариово Планинари од планинарското друштво „Куманово“, во недела поделени во две групи ќе се искачуваат на планината Китка во близина на Скопје и ќе пешачат низ Мариово.
Пчеларите ќе посетат пчеларник и работилница во Крива Паланка Членовите на пчеларското друштво “Пчела“, следниот месец ќе посетат пчеларник и работилница за сандаци во Крива Паланка.
Меѓународен аикидо семинар во Куманово Во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“, викендов ќе се одржи меѓународен семинар за аикидо.
Кумановецот Даниел Денковски е најдобар млад научник Даниел Денковски од Куманово, магистер по електротехнички и информатички технологии, е најдобар млад научник за 2014 година.
Пролонгиран рокот за таксистите за пријавување испит по англиски По барање на такси компаниите, рокот за пријавување за полагање испит по англиски јазик се пролонгира за 15 дена.
Работодавците да аплицираат за ослободување од придонеси Во Центарот за вработување Куманово, работодавците постојано можат да аплицираат за мерката за ослободување од плаќање на придонеси.
Земјоделците ќе посетат саем во Нови Сад Кумановските земјоделци на почетокот на мај , ќе посетат меѓународен саем во Нови Сад, Србија.
Обилните дождови активираа свлечишта во кумановско По обилните дождови оваа пролет, свлечишта се активираа во селата Шупли Камен, Скачковце, Отља, Длабочица и други населени места.