Српската заедница организира пречек на Стара Нова година Српската заедница во Македонија и оваа година традиционално организира Српска вечер и ја прославува Стара Нова година во ресторан “Грација“ .
Комеморативна седница во кумановскиот театар за Драгиша Димитријевски - Шипе Во Народниот театар Куманово се одржа Комеморативна седница за актерот и сликар Драгица Димитријевски - Шипе, кој почина завчера.
Борците одбележуваат 69 години од битката кај Пелинце Во петок, борците од Куманово заедно со своите поддржувачи ќе заминат во Пелинце каде традиционално ќе ја одбележат годишнина од битката против бугарската фашистичка полиција која се одиграла на 13 јануари 1944 година.
Утрово во Куманово измерени - 6 степени Кумановци утрово ги дочека температура од - 6 Целзиусови степени и слабо провејување на снег. Снегот се интензивира и веќе ги покри коловозите.
Нема турканици на шалтерите за лични документи Нема метеж на шалтерите во полиција за вадење на лични документи. Од одделението за управни работи објаснуваат дека од 25 декември па до Нова Година било доста раздвижено и граѓаните заменувале лични документи.
Се ажурира регистарот на невработени Невработените кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување добиваат формулари кои треба да ги потполнат и да се изјаснат дали активно или пасивно бараат работа.
Секој топоним приказна за себе Селата и населбите во кумановско, своите имиња, најчесто ги добивале по првите жители, по некоја специфична случка или по местоположбата.
Почина актерот Драгиша Димитријевски - Шипе По кратко боледување вчера почина актерот Драгиша Димитријевски - Шипе.
Адвокатите против употреба на адвокатски маркички Од почетокот на годинава адвокатите се обврзани да користат адвокатски маркички, а адвокатските друштва мора да поседуваат фискални каси.
Пензионерите ќе ја посетат “Порака наша“ Деновиве, пензионерите од КУД “Ѓоко Симоновски“ ќе ги посетат децата од “Порака наша“.
Сообраќајот се одвива без проблеми Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Здравствените работници ќе даруваат крв Во четврток од 9 до 14 часот во Општа болница Куманово на одделението за трансфузиологија ќе се оддржи крводарителска акција.
Во Српската заедница се кршеше лепче со паричка Членовите на Српската заедница во Куманово, денеска напладне организираа бадникова прослава, со богата божиќна трпеза, а на присутните им се подели лепче со паричка.
Се е подготвено за палење на бадниковиот огин На Градскиот плоштад во Куманово, напладне беа поставени дрвата за бадниковиот огин. Заради безбедност на граѓаните, просторот е ограден со решетки.
Лекарите ограничени за препишување антибиотици Матичните лекари од почетокот на годинава имаат ограничување во однос на препишувањето на антибиотици. Поради тоа бараат од пациентите да имаат разбирање за новите правила, а и да сфатат дека за секоја настинка не треба да посегнуваат по антибиотици.
72 деца ќе одат на бесплатно зимување Од Куманово 72 деца аплицирале за бесплатно зимување, кое државата го обезбедува за деца од загрозени семејства.