СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на Бадник Од општинската организација на СДСМ Куманово ги поканија граѓаните на Бадник да излезат на Градскиот плоштад и да присуствуваат на палењето на традиционалниот бадников оган.
На Бадник и Божиќ богослужби во црквите Во двете цркви во Куманово, Свети Никола и Света Тројца, на Бадник и Божиќ ќе се одржат повеќе богослужби.
Понеделник, Божиќ - неработен ден Првиот ден Божиќ, 7 јануари, понеделник е неработен ден за сите граѓани во државата, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Бадников оган ќе се пали на Градскиот плоштад По повод Бадник на Градскиот плоштад ќе биде запален бадников оган.
Старо Нагоричане и Куманово не го регулирале меѓуопштинскиот превоз Авто-транспортните претпријатија кои превезуваат патници во селата во Општина Старо Нагоричане се жалат дека договорите за оваа година не им се обновени.
Распустот започна, рестрикции на линиите нема Нема да се кратат автобуските линии додека трае зимскиот распуст на учениците.
Стари Лозја и две улици без вода Без вода за пиење утрово се граѓаните од населбата Стари Лозја и две улици во градот.
Мирна новогодишна ноќ во Куманово Новогодишната ноќ во Куманово помина исклучително мирно. Во изминатите 12 часа, регистриран е само еден случај на труење со алкохол и една тепачка.
Среќна Нова 2013-та година Многу здравје, среќа и љубов во Новата година, на сите читатели им посакува редакцијата на Кумановоњуз.
Се е подготвено за новогодишниот спектакл Од Општина Куманово тврдат дека се е подготвено за прославата на Новата година на Градскиот плоштад, со балканските ѕвезди Бојан Бјелиќ и Даниела Мартиновиќ. Програмата ќе започне во 21 часот.
Пакетчиња за првооделенците во Старо Нагоричане Градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, подели новогодишни пакетчиња на сите првооделенци во Општината.
Бирото за вработување доби нов директор Во Агенцијата за вработување во Куманово од мината недела за директор е назначен Милорад Тренчевски.
Брза помош доби две теренски возила Пред десетина дена Здравствен дом Куманово набави уште две нови возила за потребите на Итната помош.
СВР: За празниците внимавајте на кражби, сообраќајки и алкохол Од СВР Куманово апелираат до граѓаните за новогодишните празници да бидат претпазливи за својата безбедност и да не го го загрозуваат јавниот ред и мир.
Газда истепал гост во ресторан Сопственикот на ресторанот “Алби“ во село Ваксинце истепал човек со дрвен предмет и метална шипка.
1-ви јануари неработен ден 1 Јануари 2013 година (вторник), Нова Година, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.