Пропаѓаат празните селски школи Од недвижниот имот кој го поседува Општина Куманово, најголем дел отпаѓа на празните подрачни селски училишта кои се запустени. Нив ги има околу дваесетина, а се лоцирани во села каде скоро и да нема деца кои би посетувале настава.
Кумановци се „кршат„ на заледените улици и тротоари Вчера на хируршкото одделение во Општа болница Куманово побарале лекарска помош над 10 граѓани, а утрово дури 5 луѓе паднале и се здобиле со скршеници.
Презентација за умствени вештини на децата Презентација за умствени вештини кај деца од 4 до 14 години со нормален психофизички развој утре напладне ќе се оддржи во Студио MTQ во деловен центар над ресторанот Рим Париз.
Советниците на СДСМ ја поддржаа “Аман“ Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери денеска земаа пауза во траење од еден час за да се потпишат на петицијата на граѓанската иницијатива “Аман“, која бара измени на Законот за енергетика и враќање на евтината тарифа на струјата.
Куманово ќе светне во новогодишно руво До крајот на наредната недела градот ќе биде новогодишно украсен. Според најавите од ЈП „Куманово паркинг„, целосно ќе биде украсено централното градско подрачје, како и влезот и излезот на градот.
Во Куманово - 12, во Битола - 19 Во Куманово утринава во 7 часот измерени се - 12 степени. Најстудени градови во државата се Битола со -19, Тетово и Берово со -17 степени.
Костените двојно поскапи од лани Зависно од квалитетот костените се продаваат за 130 или 160 денари по килограм што е двојно поскапо од лани. Трговците велат дека овие високи цени се должат на сушната година и малиот род.
Детонации од каменолом ги напукнаа куќите во Орашац? Жителите на село Орашац се жалат дека од каменоломот кој се наоѓа на 500 метри од селото, од силните детонации и минирања, ѕидовите на нивните куќи се испукани.
Учениците ја славеа различноста Ученици и професори од ОУ “11 Октомври“, ОУ “Крсте Мисирков“, ОУ“Браќа Миладиновци“ и ОУ“Христијан Карпош“ од Куманово, вчера учествуваа на манифестацијата “Ја славиме различноста“ во Скопје.
Непроодни патиштата за Арбанашко и Кокино Во Општината Старо Нагоричане непроодни се патиштата за селата Арбанашко и Кокино, додека на останатите патни правци сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови.
Вработени во АРМ ќе даруваат крв Во касарната „Боро Менков„, денеска се организира крводарителска акција за вработени во АРМ.
Денеска е Интернационален ден на планината Со одлука на Собранието на обединети нации од 2003 година па наваму се одбележува денешниот ден како Меѓународен ден на планина.
Граѓаните да ги исчистат тротоарите Вработени во ЈП “Чистота и зеленило“, предпладнево ги чистеат тротоарите низ градот, но обврскa на граѓаните е да исчистат пред своите домови и дуќани.
Улиците во градот проодни По интензивните врнежи на снег на улиците во градот нема поголеми проблеми. Од Општина Куманово информираат дека градските сообраќајници редовно се чистат, а веќе се фрлени 43 тони сол.
Црвен Крст организираше отворен ден За омасовување и промоција на Движењето на Црвениот крст, Општинската организација на Црвен крст Куманово во своите простории денеска организираше мини ликовна колонија за деца од прво до петто одделение.
ВРАТИ СЕ БРАНКО, ВРАТИ СЕ ГРУЈО, СЕ ВИ Е ПРОСТЕНО! Знам дека кога ќе ја видите мојата слика и до неа насловниот текст,... Виктор Божиновски