×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стипендии за дефицитарни струки и за посдипломци

    Стипендии за дефицитарни струки и за посдипломци

    После цела деценија ја вративме поддршката за развој на научните и високообразовните установи, како и повикот за финансирање на реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните научни установи, со што на располагање се 17,3 милиони денари, истaкна министерката за образование и наука Мила Царовска на средбата со Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

    Лични карти ќе можат да се подигнат и за викенд

    Лични карти ќе можат да се подигнат и за викенд

    Пред вториот круг од локалните избори што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи информира дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе  има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.  

    Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

    Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

    Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на вчерашната седница.

    Започнува скринингот на учениците, први ќе се тестираат средношколците во Скопје

    Започнува скринингот на учениците, први ќе се тестираат средношколците во Скопје

    Ќе започне скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

    Внимателно и одговорно возење за време на продолжениот празничен викенд, апелира РСБСП

    Внимателно и одговорно возење за време на продолжениот празничен викенд, апелира РСБСП

    Претстојниот викенд во пресрет на 11 Октомври, е продолжен и празничен, и очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат во викенд куќи или хотели, да се упатат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и сл.

    Болните и немоќни лица за гласање можат да се пријават до утре на полноќ, а болните од ковид до 11 октомври на полноќ

    Болните и немоќни лица за гласање можат да се пријават до утре на полноќ, а болните од ковид до 11 октомври на полноќ

    На локалните избори чиј прв круг се одржува на 17 октомври први ќе гласаат лицата што ќе се пријават да гласаат како болни и немоќни, болни од ковид-19 или во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица. 

    Почнува вториот рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

    Почнува вториот рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

    Министерството за образование и наука информира дека од утре повторно може да се аплицира на Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Вториот рок трае до 31 октомври и однесува на сите новозапишани студенти, но и на оние кои ги исполнуваат условите но не успеале да се пријават и да го остварат ова право во првиот рок.

    Во тек е етапна исплата на септемвриските пензии

    Во тек е етапна исплата на септемвриските пензии

    Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска (вторник) започна етапната исплата на септемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

    Едно лице по трет пат се заразило со ковид-19, а 522 лица два пати

    Едно лице по трет пат се заразило со ковид-19, а 522 лица два пати

    Од почетокот на коронакризата во земјава, едно лице по третпат се заразило од ковид-19, а вкупно се регистрирани 522 реинфекции, заклучно со 19 септември, стои во неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 починале.

    Со нов закон ќе се запленува имотот над 30 илјади евра без докажано потекло, најави Николовски

    Со нов закон ќе се запленува имотот над 30 илјади евра без докажано потекло, најави Николовски

    Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски кажа дека драфт верзијата на новиот Закон за потекло на имот е готова и со него се предвидува конфискација на имот над 30 илјади евра од претходната година ако сопствениците не можат да го докажат неговото потекло.