Министерот Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.
Изводите ќе се вадат електронски, нема повеќе непотребни чекања на шалтери, најави Николовски Со целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите, најави заменик-претседателот на Владата, Љупчо Николовски.
Во затвотор К`шање почна првата фаза од пописот на населението Со попишување на затворените лица во Казнено-поправната установа К’шање денеска официјално беше означен стартот на процесот на спроведување на пописот на населението и домаќинствата.
МВР отвори бесплатна телефонска линија за анонимно пријавување на лихварство Министерството за внатрешни работи (МВР) отпочна оперативна акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство.
Заев најави нови инвестиции и 2000 нови работни места во Куманово Премиерот Зоран Заев, денеска најави нови инвестиции во државава, а една од најголемите е во Куманово каде ќе се отворат нови 2000 работни места.
Пописот ќе се спроведе и покрај опструкциите од опозицијата, тврдат од Владата Пописот дефинитивно ќе се спроведе во месец април и покрај опструкциите од страна на опозицијата, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски.
Од денеска започнува исплатата на февруарските пензии Oд денеска започнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите, во услови на опасност од коронавирусот.
Комората на сметководители бара едноставни постапки за економските мерки за поддршка во стопанството Процедурите за имплементација на економските мерки за поддршка на стопанството, содржани во петтиот пакет, е неопходно да се едноставни и да не претставуваат дополнително оптоварување за правните субјекти, со што потенцијално се ризикува наместо заздравување на економијата да се предизвика нарушување на и така кревката ликвидност на деловните субјекти и да се одрази на дополнителна загуба на работни места, апелираат од Комората на сметководители.
Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори Државниот завод за статистика денес го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори, кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021.
Конечен договор за државна матура – два екстерни и два интерни предмети ќе полагаат матурантите во јуни Премиерот и лидерот на средношколците, го објвија денешниот договор за државната матура.
Започна имунизацијата против ковид-19, први се вакцинираа медицински лица од Инфективната клиника Во модуларната болница во Скопје, започна процесот на имунизација на населението во државата, откако во 10.00 часот првата вакцина ја прими примариус доктор инфектолог Добринка Јовановска, а по неа и главната сестра.
Новиот пакет мерки предвидува субвенции на плати и бескаматни кредити за компаниите Донесен е петтиот пакет економски мерки наменети за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството.
Ќе се бришат каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, УЈП и општините, со новите економски мерки на Владата Во новиот пакет економски мерки на Владата, коишто беа презентирани денеска, се предвидува бришење на камати на граѓаните кон јавните институции и претпријатија.
Средношколците се согласија за моделот на полагање матура, но преговорите продолжуваат Сојузот на средшколци оствари компромис на последната средба во Владата, и одлучи да го прифати понуденото решение за државна матура – ќе полагаат два екстерни и два интерни испити.
Горивата од вечер поскапи од половина до 1,5 денар Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,64 %, односно за половина до 1,5 денар од вечер на полноќ.
Вистински пријател е оној што ќе ви помогне кога е најтешко, кажа Вучиќ на примопредавањето на вакцините на Табановце Првиот пакет вакцини - донација од Србија денеска пристигна на граничниот премин Табановце. На примопредавањето премиерот Зоран Заев и претседателот Александар Вучиќ потврдија дека пријателството меѓу двата народи и поддршката помеѓу земјите е причина да се помогне кога е најпотребно.