Мима Николовска - единствената фотографка во Крива Паланка Во една мала, но полна со живот улица во Крива Паланка, во 1974 година, се отворил дуќанот „Фото Мима“, основан од Македонка Николовска, единствена жена која ќе го остави траен белег во светот на фотографијата во овој град.
ВИДЕО: Жените од Гиновци, чувари на традицијата и достоинството Сред плодната рамница на Славишко Поле, во селото Гиновци, еден уникатен и автентичен процес, кој се уште е „жив“, ја раскажува приказната за макотрпната женска работа, сила и посветеност.
Емилија Цветковска: Од поплавата во Стајковци до ново животно поглавје во Минхен Попусто велат дека сме понежен пол, ние жените го носиме товарот на сопствениот живот, a потоа и на децата и на целото семејство.
Потребни се длабоки реформи во државната матура, сметаат средношколците во Крива Паланка Во последниве години, државната матура е постојано под лупа на јавноста и образовните експерти. Матурантите низ целата земја споделуваат свои искуства и ставови за сегашниот систем на матурата, нагласувајќи дека се потребни длабоки реформи за да се подобри квалитетот на образованието и да се одразат вистинските способности на учениците.
Кети Дончевска Илиќ: Сама се изборив за сопствениот идентитет на театарската сцена Во почетокот ме препознаваа само како сопругата на Гиле, и ден денес има ситуации кога така ме доживуваат. Но, морам со задоволство да истакнам дека во 99 проценти повеќе не е така, затоа што јас самата многу вложив во својата кариера и се изборив за сопствениот идентитет на театарската сцена.
Финансиска несигурност, социјална исклученост и потреба за подобрување на услугите на пензионерите, покажа анкетата на Кумановоњуз „Во оваа држава само политичарите живеат достоинствено, останатите не можат да сврзат крај со крај“, вели учесник во анкетата на Кумановоњуз посветена на лицата од третото доба и условите за активно и достоинствено стареење, кој ја открива генералната слика за животот на старите лица.
Некогаш луѓето се капеле во неа и била чиста како солза, а денес Кумановка е срам на градот Повеќето реки и мостови кои се наоѓаат по градовите низ светот пружаат вистинско одушевување кога ќе поминеш покрај нив, Кумановка за жал не е таков пример, а би можела да биде.
Мерлина Николовска завршила факултет на 42 години, чува близу 100 кози и има 4 деца Се започна со една коза, се викаше Шарка, која ја купив пред речиси 20 години за да имам природно и тазе млеко за мојата трета ќерка Теа. Оттогаш стадото го множевме и денес имаме околу 60-тина кози и 40-на јариња.
Споделете го вашето мислење: Дали пензионерите имаат достоинствен живот? Дали пензионерите имаат достоинствен живот, како ги перципира заедницата, што најмногу им недостасува, какви трансформации се потребни... се дел од прашањата за кои го бараме вашето мислење, со цел подобро да ги разбереме потребите и можностите на постарата популација за активен и исполнет живот.
Перспективата на младите уметници во Македонија и Албанија: Творечката страст наспроти суровата реалност во уметничкиот свет Младите визуелни уметници честопати се движат низ лавиринт од предизвици, додека се стремат да си го откријат своето место во енергичниот уметнички свет.
(Видео) Куманово ќе постави камери на јавни површини за да го спречи вандализмот Уништувањето на јавното добро е проблем со кој Куманово се соочува со години. На удар најчесто е урбаната опрема во парковите, детските и спортски игралишта. Само лани имало пет големи уништувања: двапати на Градскиот кеј, во паркот Соколана, Градскиот парк и на спортските терени на Спомен-костурницата.
Повеќе од еден век се ковале алтуни во царската монетоковачница во Кратово (видео) „Мехмед, син на хан Мурат, светла му победа 1470“, е втиснато на аверсот на едно од ретките сочувани акчиња кои биле ковани за време на Османалиското царство во монетоковачницата во Кратово.
Синиша Кашавелски: Во Македонија ме убедуваа дека не ме бива, во Лувр ме поканија да го подигнам квалитетот на француската ликовна сцена Најтешко е да си пророк во своето село, ќе рече светски познатиот сликар од Куманово, Синиша Кашавелски, со што уште еднаш ќе ја потврди вистинитоста на познатата изрека која важи за нашиот менталитет- се додека не те признае светот, дома си никој и ништо.
Шахот не е игра само за мажи и пензионери, шахот е спорт во кој секој е прифатен, вели Сања Трајковска, претседателка на Шаховскиот клуб Куманово Не е точно тврдењето дека шахот е за мажите и за пензионерите. Тој е единствениот спорт, каде што можат да играат сите што имаат афинитети и да не се ограничени со годините и со полот.
На Куманово му требаат 200 години до целосна гасификација На Куманово ќе му бидат потребни 200 години за да го заврши процесот на гасификација, доколку се гради со сегашнава динамика. Во моментов, на гасоводната мрежа се приклучени 32 правни субјекти и само 196 домаќинства. Зголемен број корисници на гасоводната мрежа е една од мерките предвидени во планот на Општина Куманово за „Подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух“.
Куманово на врвот на листата по семејно насилство, а без шелтер центар или друга форма за згрижување на жртвите Само во 2023 година, во кумановскиот регион биле поднесени над 100 пријави за семејно насилство, двојно повеќе од 2022 година. Но, во овој регион нема шелтер центар или каква било друга форма на засолниште за жртвите.