Мени

Торес поради повреда ја заврши сезоната

Торес поради повреда ја заврши сезоната

 Фудбалерот на Ливрпул и шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес, оваа сезона нема среќа. Не само што поради повредата на коленото во нарениoт месец ќе го гледа Ливерпул само од трибините, туку во прашање е доведено и неговото учество на Мондијалот.

Партизан се пласираше на фајнл фор турнирот

Партизан се пласираше на фајнл фор турнирот

Екипата на Партизан вчера успеја да ја совлада екипата на Макаби, со што се пласираше на завршницата на Евролигашките натпревари. Со резултат од 76 - 67, белграѓани успејаа да го добијат фаворизираниот Макаби, а вкупната серија ја завршија победувајки со 3:1.

Прогласени победниците на Шаховското првенство

Прогласени победниците на Шаховското првенство

  Неџмедин Садики го освои пехарот за најдобар шахист на четвртото Шаховско првенство што минатата недела се одржа во Куманово. Второто место му припадна на Зоран Илиќ, трет беше Срѓан Христовски, а четврти Михајло Вучковски, Методија Серафимовски и Петар Спасовски,сите добија парични награди. Награда беше врачена и на најмладиот учесник Коста Јаневски.

Велосипдска трка до Кратово

Велосипдска трка до Кратово

Утре во Куманово ќе се одржи Велосипедската трка за шампионатот на Македонија. На трката ќе учествуваат 60 учесника од најдобрите велосипедски екипи во државата. Стартот ќе биде во 12 часот од Градскиот плоштад, а ќе се вози на релацијата до Кратово и назад, во должина од 100 км.

Училишен турнир во мал фудбал

Училишен турнир во мал фудбал

Во рамките на проектот „Спорт да - дрога не“, денеска во ОУ „Толи Зордумис“ започна натпреварувањето помеѓу десетте екипи од основните училишта во мал фудбал. Прокетот го резлизираат СВР Куманово во соработка со ОБСЕ, Локалниот совет за превенција и образовните институции во градот.

Недела на Шаховско првенство во Куманово

Недела на Шаховско првенство во Куманово

Заврши четвртото коло од Шаховското првенство  што започна мината сабота во Куманово. На натпреварувањето  учествуваат 14 квалитетни шахисти, еден фиде мајстор, двајца мајсторски кандидати и пшахисти со прва категорија, кои играат по швајцерски систем во седум кола.

Спортски викенд во Куманово

Спортски викенд во Куманово

Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала во 17.30 часот ја пречекуваат екипата на Лирија од Скопје. Моментално кумановчани се наоѓаат на третото место на табелата, но имаат и натпревар помалку во однос на прво и второ пласираните Ултимејт Баскет и АБА Струмица.