Шекеринска ја претстави програмата „Да ја вратиме средната класа“ Потпретседателката на СДСМ, Радмина Шеќеринска, синоќа на трибина во Центарот за култура во Куманово ја промовираше партиската програма „Да ја вратиме средната класа“ .
Во 2014 ќе се заврши затворениот базен? Општината Куманово во 2014 година планира да ја доврши изградбата на затворениот градски базен и аква паркот, а ќе се изградат и реконструираат стотина улици во градот и приградските населби.
Предавања за правилна употреба на пестициди Жителите на селата и приградските населби со кампања ќе се информираат за правилната употреба на пестицидите.
Бенефиции за фирмите што ќе вработат социјалци Фирмите од градот можат да аплицираат во Агенцијата за вработување до 20 декември, за вработување на лица од социјално загрозените семејства.
Започна курсот за филм во ФКК “Козјак“ Фото Кино Клуб „Козјак“ секој четврток организира курс за филм. Курсот се состои од теоретски и практичен дел.
Помош во храна за сиромашните семејства Црвен крст Куманово, ќе подели 44 пакети со прехранбени производи на сиромашните граѓани.
Промовиран спотот “Полицијата и граѓаните заедно“ По повод 9 декември - Ден за превенција во полиција, во СВР Куманово денеска беше промовиран спотот “Полицијата и граѓаните заедно“.
Во Љубодраг селскиот водовод запуштен, бунарите загадени Жителите на селото Љубодраг се жалат дека септичките јами им ја загадуваат водата во бунарите, па постои опасност од појава на заразни болести.
Крводарителска акција во ЈП “Водовод“ Вработените во ЈП “Водовод“ денеска ќе даруваат крв од 10 до 14 часот.
Се запали плевна во Младо Нагоричане Вчера се запали плевна во селото Младо Нагоричане при што изгореле 1000 бали слама.
Пијан кумановец тепал полицаец и кршел на бензинска Д.Ѓ.(34) од Куманово удрил полицаец со тупаница во лицето, откако се обидел да го приведе, затоа што правел неред на бензинската пумпа “Детоил“ во селото Добрешане.
ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во Советот ги отфрла нашите конструктивни предлози Од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го обвинија мнозинството во Советот на Општина Куманово дека постојано ги одбива нивните предлози, независно дали се во интерес на граѓаните, само затоа што се предложени од опозицијата.
Пак ограбена бензинската “Макпетрол“ кај Романовце Три маскирани лица ноќеска ја ограбиле бензинската пумпа на “Макпетрол“ кај Романовце.
Центарот “Порака наша“ слави 7-ми роденден Дневниот центар за лица со интелектуелна попреченост “Порака наша“ денеска слави 7 години постоење и успешна работа, а истоименото здружение 47 години од формирањето.
ЛДП:Да се најде решение за проблемот со водоснабдувањето Од општинската организација на ЛДП Куманово, најостро ја осудуваат блокадата на сметките на ЈП „Водовод„ и сметаат дека тоа ќе го доведува во прашање водоснабдување на граѓаните.
Се запалил оџак на куќа кај Зелениот пазар Оџак на куќа синоќа се запалил на улица “Христијан Карпош“ кај Мусли маркет, спроти Зелениот пазар.