Деновиве започна санација на ударните дупли во централното градско подрачје. Екипи на ЈП „Водовод„ работат на улиците „11 Октомври„, „Братство Единство„, „Трета МУБ„ ,булеварот „Октомвриска Револуција„, „Илинденска„, „Трст„ и други.
Актерката Кети Дончевска-Илиќ и професорот Хисен Рахмани како поединци, ЈП „Чистота и зеленило„,СТУ „Наце Буѓони„ и ЈЗУ „Центар за јавна здравје„ како колективи, се годинешни добитници на најзначајното општинско признание Ноемвриска награда.
По тој повод утре во 18.30 часот ќе се одржи Свечена седница на која покрај извршниот одбор ќе присуствуваат и луѓето кои ги удриле темелите на организацијата и дале допринос во создавањето...
Жителите на селото Тромеѓа се жалат дека со години наназад газат кал и немат решение за отпадните води и фекалиите од куќите и домаќинствата и покрај тоа што се на 5 километра...
Послаб земјотрес со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала, утринава околу 2 часот бил почувствуван во Куманово и околината. При тоа не прeдизвикал матерјална штета.
Во рамки на проектот за подобрување на меѓуетничката комуникација и соработа, Центарот за меѓукултурен дијалог, работи на имплементација на вон наставни активности за ученици од сите возрасти од основни и средни училишта.
Куманово конечно се приклучи на главниот гасоводен систем на „ГАМА„. Со поставување на мерно-регулационата станица, јавното претпријатите „Куманово-гас„ може да започне со дистрибуција на гас до потрошувачите во градот.
Спортската сала во средното училиште „Перо Наков„ е во завршна фаза, а нејзиното пуштање во употреба е најавено на 10 ноември во рамките на одбележување на празникот на градот.
44 ученици од прво до осмо одделение од Основното училиште „11 Октомври„ во Куманово веќе два месеци не доаѓаат на настава, поради тоа што со нивните родители заминале во странство.
Преполни контејнери, расфрлано ѓубре, смрдливи тоалети, неизмиен асфалт и запуштени тревници е сликата која секојдневно ја гледаат граѓаните и странците што поминуваат на државните гранични премини на излез и влез во земјата.
По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Комерцијална банка ќе им отвори– отворено детско штедење „Верверичка”, со износ од 3.000 денари и исто толку штедни касички, на сите деца кои...
Претпријатието треба да произлезе од сегашен „Водовод„ и неговата дејност ќе биде градешната оператива, односно изградбата на улици, патишта, водовод и канализација.