Изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2022“ во дворот на кумановскиот музеј Во лапидариумот на Музеј Куманово вечерва со почеток во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата на дела настанати на минатогодишната Интернационална ликовна колонија „Куманово 2022“.
Пензионерите да не се плашат пензискиот фонд е стабилен, велат од МТСП Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не во криза и државата не доцни со исплатите кон банките, велат од Минситерството за труд и социјална политика(МТСП).
Општина Куманово нема стратегија ни мерки за решавање на бучавата во градот Општината нема обврска да изготви стратегија и да донесе мерки за спречување на прекомерната бучава во градот, но екологистите велат дека нема ниту забрана, па ако локалната самоуправа е одговорна треба да ги следи приоритетите и здравјето на граѓаните
Без струја една неселба и две села Денеска без електрична енергија ќе останат потрошувачите на една кумановска населба и две села.
Граѓаните да пријават бучава во полиција и инспекција, повикаа од Општина Куманово Општина Куманово денеска ги повика граѓаните да пријават бучава над дозволените граници кај надлежните општински инспекциски служби и во МВР.
Кумановец фатен на радар со брзина од 138 километри на час во населено место, викендов казнети 117 возачи Полициски службеници од Куманово во текот на викендот спроведоа контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите и функционерите на здружението да работат волонтерски наместо за хонорари Кумановските пензионери денеска повторно протестираа во просториите на Здружението на пензионерите Куманово, но овојпат покрај линеарно зголемување на пензиите, побараа претставниците во органите и телата на здружението да не добиваат надомест за нивната работа, а не како досега да им се иплаќа месечен хонорар.
Куманово е град со најголема бучава во земјава, покажа извештајот за квалитет на животната средина Граѓаните на Куманово постојано се изложени на бучава која ги надминува дозволените гранични вредности, покажа Годишниот извештај за квалитетот на животната средина за 2022 година, кој го објави Министертвото за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)
Голем пожар помеѓу Слупчане и Ваксинце, постои опасност да зафати борова шума На потегот помеѓу липковските села Слупчане и Ваксинце доцна попладне избил пожар кој зафатил појас од околу 300 метри. Пожарот се шири кон селото Алашевце, каде што има борова шума.
Протестираа и кумановските пензионери, бараат линеарно зголемување на пензиите Педесетина пензиoнери поттикнати од собирот во Прилеп, денеска организираa протест во Куманово, со единствено барање линеарно наместо процентуално зголемување на пензиите.
„Безбедно на мотор“ - едукативно предавање за младите мотоциклисти во Куманово Претставници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, мото клубот „Мечки“ и Општинскиот совет за безбедноста во сообраќајот на патишта, одржаа едукативно предавање под мото „Безбедно на мотор“ за младите мотоциклисти во центарот на Куманово.
Почнува меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“ Денеска започнува меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“, која ќе се одржи комплексот Етно село „Тимчевски“ во Куманово.
Родители бараат советот да ја преиспита одлуката со која не се дозволи запишување на повеќе деца во градинката „Ангел Шајче“ (видео) Совет на родители чии деца не се запишани во градинката „Ангел Шајче“, бараат од мнозинството во Советот на Општина Куманово да ја преиспита одлуката со која не се дозволува запишување на повеќе деца од проектираните капацитети во групите.
Денеска и утре без струја повеќе села во регионот Денеска и утре без струја ќе останат повеќе села во кумановско и во општина Старо Нагоричане.
Нов дијагностички центар на Систина Офталмологија во Куманово Првата приватна очна болница Систина Офталмологија, продолжува да расте и го отвори својот петти по ред дијагностички центар, овојпат во Куманово.