Во итна помош во Куманово фалат амбулантни возила, во Липково медицински екипи Со три амбулатни возила Итната медицинска помош во Куманово опслужува околу 100 илјади жители во општините Куманово и Старо Нагоричане. Липково има своја служба со две амбулантски возила.
Неправедно е да ги израмниме пензионерите со 15 години стаж и оние со 40 години стаж, вели Тренчевска за барањата за зголемување на минималната пензија Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека минималната пензија од септември ќе биде 13.300 денари, и повтори дека минималната пензија не може да биде 18.000 денари, како што бараат пензионерите кои протестираат.
Се шири гасоводната мрежа на „Народна револуција“ До крајот на месецот треба да заврши поставувањето на гасоводот на улицата „Народна Револуција“, по што ќе започне реконструкција на коловозот и тротоарите
Казнети 19 пешаци за небезбедно минување улица Сообраќајната полиција вчера казни 19 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
Кумановец меѓу 10-те извршители со најголеми профити Извршителите, минатата година успеале да наплатат над 145 милиони евра долгови од граѓаните, од фирмите и од државата.
Галаба Давчевска нова директорка на училиштето „Кочо Рацин“ Галаба Давчевска, наставничка по одделенска настава, назначена e за в.д. директорка на основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово.
За една недела 11 пријави за бучава, најмногу за музика во живо во угостителските објекти До Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово, за седум дена се поднесени 11 пријави за неконтролирана бучава, откако Општина Куманово ги објави броевите и ги повика граѓаните да ја пријавуваат бучавата во надлежните општински служби и МВР.
Тамара Tодевска ѕвезда на годинешниов Тамбурашки фестивал во Куманово Тамара Тодевска, Трио Гранде и Бијелопољски тамбураши ќе настапат на Меѓународниот тамбурашки фестивал, кој ќе се одржи на 25 август на Градскиот плоштад во Куманово.
Летна крводарителска акција се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово На традиционалната, летна крводарителска акција која се одржа во Занаетчискиот дом собрани се 26 крвни единици. Акцијата беше организирана на Црвен крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
Да му помогнеме на 8-годишниот Теодор да ја победи тешката болест На Теодор Стојановски од Куманово му е дијагностициран тежок спектар на аутизам, поради што му е потребно лекување со матични клетки во приватна клиника во Турција. За тешката операција неопходини се 24 илјади евра, кои семјството не може само да ги обезбеди.
Бензинот и дизелот поскапуваат за 1,5 денари Регулаторната комисија за енергетика одлучија горивата од вечерва на полноќ да се продаваат по повисоки цени.
Викендов казнети 137 возачи, 91 за брзо возење Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Ранковце Едно момче загина, а тројца негови сопатници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Крива Паланка - Ранковце, во село Љубинци.
Без струја потрошувачите околу Уред Денеска од 8 до 13 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите на дел од улиците „Гоце Делчев“, „Вардарска“, „Борис Кидриќ“, Здравстен дом - Уред и објекти околу него, во центарот на Куманово.
Приведен кумановец, пронајдена марихуана, амфетамини, таблети... Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје и Отсекот за општ криминалитет при СВР Куманово, вчера привеле 27-годишен кумановец.
СЕ ВРАТИЛА ОД НОВ ЗЕЛАНД И ОТВОРИЛА СТУДИО ЗА КУЧИЊА: Јована Јовановска е признаена грумерка во Куманово (видео) Јована Јовановска (35) од Куманово после 20 години поминати во Нов Зеланд се вратила во родниот град и отворила фризерско студио за кучиња. За оваа необична професија ја врзува нејзиното факултетско образование и посветеноста на животните, но и работата во салон за разубавување и дотерување на кучиња во далечната островска земја каде го усовршила занаетот.