Започна манифестацијата „Денови на мед“ на Градскиот плоштад во Куманово Рекорден број од 27 пчелари-излагачи од кои најголемиот дел од Куманово учествуваат на годинешната саемска манифестација „Денови на мед“, која се одржува на Градскиот плоштад.
Мирослав Трлин со иницијатива до Уставниот суд за одвојување на солидарниот фонд и задолжително плаќање на чланарина за пензионерите Пензионерот Мирослав Трлин, дипл. економист од Куманово, поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на член 115 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кој предвидува запирање на дел од пензијата за обезбедување на средства за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство, но и за членување во здружението на пензионерите.
Над 770 илјади евра ќе чини реконструкцијата на малиот плоштад во Куманово Реконструкцијата на Градски плоштад пред Центарот за култура ќе ја чини Општина Куманово 47.599.999 денари или 773 илјади евра. Тендерот го добила фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје, која имала најниска понуда, а работата треба да ја заврши во рок од 6 месеци или 180 работни денови.
Изборот на директор се врши согласно законот и исклучиво од училишниот одбор, а не по желба на поединци, реагира СДСМ Со пресот што го одржа приватна политичка партија „За Наше Куманово“ , уште еднаш го потврдија елементарното непознавање на законот, а воедно и тенденциозното однесување кон одредени училишта и институции, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на „За наше Куманово“, по обвинувањата дека за поставување на директори ја користат централната власт .
СДСМ обвинува за политички притисок, а ја користи централната власт за поставување на директори, кажа Петковски „Здружението “За Наше Куманово” како и досега така и во иднина ќе продолжи да се бори директорите да бидат пред се способни, квалитетни и компетентни непартиски кои ќе ги водат училиштата, а не по секоја цена да бидат партиски војници“, е одговорот на Здружението „За наше Куманово“, по вчерашните обвинувања од СДСМ дека градоначалникот врши политички притисок при поставување на директори во основните училишта.
Објавен повикот за Ноемвриска награда во Куманово Општина Куманово го објави повикот за пријавување на кандидати за доделување на Ноемвриската награда- највисокото општествено признание во градот, кое се доделува по повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор.
Бесплатни тестирања за деменција на пензионери во Кумановската болница Кумановските пензионери ќе можат да извршат бесплатни психолошки тестирања за проценка на деменција, откако Здружение на пензионери и Општата болница Куманово потпишаа мемеорандум за соработка. Оваа услуга треба да помогне за рано откривање на оваа болест на старите лица, која е во подем.
Започна со работа „Family FooDelicious Bar“ во трговскиот центар Ла Плаза Од пред неколку дена започна со работа, нов современ бар во трговскиот центар Ла Плаза. „Family FooDelicious Bar“ е дел од познатиот угостителски бренд „Family Grill & Bar“, кој повеќе години успешно работи на задоволство на граѓани на Куманово и на регионот.
Парите од продажбата на земјиштето на Лидл ќе се трошат за инфраструктура во градот и во индустриската зона, и за старите и нови проекти Конечната одлука за тоа како ќе се трошат средствата од продажбата на земјиште на Лидл во индустриската зона Речица ќе ја има Советот на Општина Куманово, а таа ќе биде донесена при усвојување на програмата за работа и буџетот за наредната 2024 година, вели градоначалникот Максим Димитриевски. Тој ветува дека финасиските средства ќе се насочат согласно стратешките документи кои веќе се на сила.
„Денови на мед“ во четврток, петок и сабота на Градскиот плоштад во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово во четвротк ќе започне саемската манифестација „Денови на мед“, која ќе трае три дена.
СДСМ го обвини Димитриевски за политички притисок при избор на директори во основните училишта во Куманово Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски не сакаше да ја потпише одлуката за избор на директор на ООУ „11 Октомври“ која ја донесе училишниот одбор, додека истовремо наметнува свое решение и назначува в.д. директор во ООУ „Крсте Мисирков“, бидејќи училишниот одбор не го прифаќа единствениот кандидат за директор кој ги исполнува условите од конкурсот, обвини на денешната прес- конференција Александар Митрички, портпарол на СДСМ.
Вработен во Фондот за пензиско во Куманово пријавил напад од колега Кумановец вработен во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вчера пријавил во полицијата дека бил нападнат од колега додека бил на работното место. Нападот се случил минатата среда на 27 септември.
Општина Куманово одвои 600.000 денари за двегодишна поддршка на Советувалиштето за жртви на семејно насилство Со 600.000 денари ќе биде поддржано Советувалиштето за жртви на семејно насилство на Хуманитарното зружение „Мајка“ во наредните две години, одлучија советниците од Општина Куманово на 30-та седница.
Децата со попреченост во Куманово не можат да ги остварат правата затоа што нема термини за преглед Родителите на децата со попреченост од Куманово се жалат дека со месеци наназад не можат да добијат термин и да ги однесат децата на преглед во комисијата за Меѓународна класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), поради што се соочуваат со проблеми при остварување на правата кои им ги гарантира државата.
„Хабитат Македонија“ ќе финансира изработка на ДУП во „Османов рид“, заради подобри услови за домување Меѓународната невладина организација „Хабитат Македонија“ и Општина Куманово потпишаа меморандум за соработка, за финансиска поддршка на Детален урбанистички план (ДУП) на локацијата Османов рид, спроти Спомен-костурницата.
Пожарникар полесно повреден во голем пожар во стовариште во Доброшане Изгоре стовариште за градежен матерјал и плочки на приватна компанија во населбата Доброшане во Куманово. Пожарот избил вчера околу пладне, а пожарникарите го гаснале повеќе од 12 часа. Притоа што еден пожарникар полесно е повреден и примен во Општа болница Куманово.