Дизелот поевтинува, поскапува Еуросупер БС-95 Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари за литар, а цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии Од денеска започна етапната исплата на пензиите за месец октомври, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Кумановската болница до крајот на годината ќе добие мамограф, кажа министерката Тренчевска Министерката за труд и социјална политика и претседателка на Форум на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска, која денеска присуствуваше во Куманово на трка посветена на Месецот за борбата против ракот на дојката, најави дека до крајот на годината Кумановската болница ќе добие мамограф.
Учителки од Куманово добитнички на наградата „Најдобар наставник во поранешна Југославија” Станче Штерјовска и Хилда Димитриевска, наставнички во Основното училиште „Крсте Мисирков” Куманово се закитија со титулата „Најдобар наставник во поранешна Југославија“, на Меѓународната конференција на наставници и директори од поранешните југословенски простори, која се одржа од 20-23 октомври во Требиње БиХ, во организација на Асоцијација на најдобри наставници од Екс-Ју простори.
Општина Куманово набави 3000 садници за разеленување на градот, 1000 ќе се засадат на Спомен костурницата Општина Куманово во соработка со АРМ, Здружението на армиски и полициски ветарани (ЗАПВАРС), ЈП „Чистота и зеленило“ и ТППЕ Куманово, започна акција за пошумување на јавните површини во градот. За таа цел набавени се 3000 висококвалитени садници кои ќе бидат засадени на повеќе локации.
По полноќ бензинот од 98 октани ќе биде поскап за 2 денари Од вечерва по полноќ за 2 денари по литар ќе се зголеми цената на бензинот од 98 октани. Цените на останатите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Продолжува изградбата на пругата Куманово - Бељаковце Утре /29 октомври/ ќе започне изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка. Работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето.
Прашалник за граѓаните - Оценете ја работата на вашата општина Проектот има за цел да ги подржи единиците на локалната самоуправа да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат висококвалитетни услуги во рамките на локалната самоуправа.
Акција за вдомување на миленичиња во „Тодор Велков“ во Куманово Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Кумaново започна акција за вдомување на заловени кучиња, кои моментално се под нивна грижа. Кучињата се заловени на територијата на Куманово, но и Штип и други градови од Источна Македонија.
Петковден со гужви во старата црква - новата не работи од јуни Празникот „Св Петка“ или во народот позната како Петковден, прва есенска слава го наполни со верници храмот „Свети Никола“ во Куманово.
Поедноставена постапката за поставување на фотоволтаици за домаќинставата и компаниите Стапија на сила законските измени за поедноставување на процедурите за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите,до 6kw за домаќинставата и до 40 kw за компаниите.
Ќе се работи студија за формирање на јавно претпријатие за производство на струја, предлог на Левица На последната седница на Советот на Општина Куманово, беше усвоена иницијативата за изработка на физибилити студија, заради основање јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, поднесена од советникот на Левица, Никола Лазаревски.
Претепан новинарот Зоран Божиновски Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, кумановецот Зоран Божиновски бил претепан синоќа во Битола. Тој има скршеници и тешки повреди, а бил нападнат од неколку непознати лица.
Ќе има зимско сметање на времето- часовниците викендов ќе ги вратиме еден час наназад Ќе остане зимското сметање на времето како и досега, односно в недела стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час. Владата на денешната седница одлучи да не се продолжи и в зима со летно сметање на времето, туку во последната недела во октомври да стартува зимското сметање како што се практикуваше и досега.
Во некогашниот чевларски град, сега други ги вртат милионите. Кои 5 кумановски фирми, свртеле 122 милиони евра?! На некогашниот чевларски град, Куманово, печат веќе му ставаат други компании.
Наредната седница ќе поднесеме амандаман за парична помош на првачињата, најави Ивановски СДСМ не отстапува од идејата Општина Куманово да обезбеди парична помош од 3000 денари за семејствата на првачињата, и на наредната седница на Советот повторно ќе го актуелизираат предлогот и ќе побараат поддршка од сите советниците да се изгласа точката.