Формирање на фармерски зони и развој на селските стопанства во туристички цели, најави Ефтимовски
Човекот е главен потенцијал на секоја економија, но поддршката за локалната економија како да не постои, а руралните средини се заборавени. Неприфатливо е град на индустиријата, економски да стагнира и да не се поддржуваат малите и средните бизниси, занаетчиите, селските стопанства. Затоа нудиме конкретни мерки и ќе се залагам тие да се спроведат, кажа носителот на советничката листа на ЛДП и ДОМ ,Валентин Ефтимовски, на денешната прес-конференција.