Понеделник неработен ден - продолжен викенд за сите граѓани Денот на народното востание - 11 Октомври е неработен ден за сите граѓани во државата, поради што ни претстојат три дена за одмор.
За 4 години ќе изградиме три катни гаражи со 1418 нови паркинг места, најави Јакимовиќ За трајно решавање на хаосот со паркирањето и воспоставување на ред во сообраќајот во централното градско подрачје, во рамките на буџетот на Општина Куманово во наредните 4 години планираме изградба на три нови катни гаражи со вкупно 1418 нови паркинг места, најави кандидатот за советник од НСДП, Благојче Јакимовиќ на денешната прес конференција.
Започнува со работа Центарот за ран детски развој во населбата „Иго Тричковиќ“ Центарот за ран детски развој „Сонце“, кој се наоѓа во подрачното училиштето „Христијан Карпош“, во населбата „Иго Тричковиќ, од вторник (12 октомври) ќе започне со работа. Веќе е формирана една група од 18 деца, а доколку постои интерес од родителите ќе се отвори уште една група. Капацитетот на центарот е 50 дечиња.
Саат кула, туристичко биро и кино, најави Димитровска Во нашата програма е предвидено градење на Саат кула како вистинско обележје на градот, а во неа ќе се смести туристичко биро кое што туристите ќе можат да се обратат и да добијат информација за сите културни и историски знаменитости на градот, најави денеска Теодора Димитровска, кандидатка за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ „Одлучно за промени – приклучи се“.
Тони Михајловски позитивен на коронавирус Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски е позитивен на ковид-19. Тој информацијата вечерва ја сподели со јавноста преку видео порака на Фејзбук.
Двајца починати и 34 новозаболени од коронавирус во Куманово Две лица на возраст од 82 и 86 години ја изгубиле битката со коронавирус, а уште 34 новозаболени се регистрирани во последните 24 часа во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Колевски: Продолжува реконструкцијата на Соколана, а ќе се реконструира и Градскиот стадион Враќање на кумановскиот спортски дух, овозможување терени и опрема за поттикнување на спортските активности како и ревитализација на градскиот храм на спорт - Соколана се едни од главните приоритети на иницијативата „За наше Куманово” застапени во изборната програма, истакна Филип Колевски, кандидат за советник во идниот Совет на општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на денешната прес конференција.
Во близина на Табановце уапсен полицаец додека шверцувал мигранти Кај напуштена бензиска пумпа пред с.Воиновиќ, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.Ј.(44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес.
Денови на мед од утре пред Центарот за култура во Куманово На плоштадот пред Центарот за култура, утре започнува традиционалната манифестација Денови на мед.
Кампањското одржување на парковите ќе го замениме со континуирана грижа за зелените површини, најави Јакимовска Зелената агенда претставува императив во нашата прогарама „Најдоброто за Куманово„. Наша цел, е за 4 години да имаме чист и зелен град. За остварување на оваа цел го предлагаме проектот „Мој еколог“, со кој проект предвидуваме уредување на секој слободен квадрат, кажа на денешната прес конференција, Тања Јакимовска кандидат за члена на Совет од СДСМ.
Власта да каже колку од ветените проекти на претходните избори има реализирано, праша Стошевски „Актуелната локална власт предводена од СДСМ, за прв пат на овие избори излегува со двајца кандидати за градоначалници. Деновиве, сведоци сме како пласираат разни ветувања помеѓу граѓаните но никако да се одважат да дадат отчет за тоа колку од ветените проекти на претходните избори имаат реализирано за овие четири години“, кажа кандидатот за советник Сашо Стошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Хилда Димитриевска од Куманово меѓу најдобрите просветни работници во земјава Одделенската наставничка Хилда Димитриевска од Основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово, е избрана меѓу најдобрите просветни работници во Македонија за учебната 2020/21 година.
Советот утре ќе ја одржи последната седница во овој состав Членовите на Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржат последната седница, по што им престанува мандатот. Новиот советнички состав ќе се конституира по завршување на локалните избори на 17 октомври, за кои во тек е предизборна кампања.
Илиевски: Населбата Перо Чичо ќе добие детска градинка Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата на СДСМ, заедно со потпретседателот Оливер Спасовски, попладнево оствари средба со жителите на населбата „Перо Чичо“. Притоа најави дека доколку ја добие поддршката на граѓаните за прв човек на градот, со помош на централната власт планира да изгради детска градинка во населбата.
Тодоровска:Ќе отвориме регионален ресурсен центар и спортска сала за лицата со попреченост Кандидатката за советничка од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Тања Тодоровска, најави дека еден од врвните приоритети во идниот мандат во Советот на Општина Куманово ќе биде подобрувањето на квалитетот на лицата со попреченост.
Поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно Oд Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик.