Двајца починати и 28 новозаболени од коронавирус во Куманово Во изминатите 24 часа регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.514 тестирањe. По градови во:Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1.
Петрушевски негира дека ја нападнал Алексовска, тврди дека луѓе на Димитриевски го провоцирале пред неговиот дом Момир Петрушевски, кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“, денес обвини дека вербално бил нападнат и провоциран од тимот на Димитриевски пред неговиот дом во присуство на сопругата и внучето.
Нападната кандидатка за советничка „За наше Куманово“ од кандидат за советник на СДСМ, тврди Павловски Идниот советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, на денешната прес-конференција информираше дека кандидатката за советник на нивната граѓанска иницијатива Христина Алексовска е нападната од кандидатот за советник од редовите на СДСМ, Момир Петрушевски.
Илиевски најави итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски денеска на прес конференција во индустриската зона Речица, најави дека во наредните години ќе се спроведе итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово, како и помош од локалната самоуправа во изградбата на критичната инфраструктура за сите индустриски зони.
Повреден пешак во Отља Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово-с.Никуштак.
Се степаa боксерите Реџеповски и Салиевски - кандидати за советници од листата на Димитриевски и на СДСМ Кандидатите за советници во Советот на Општина Куманово Реџеп Реџеповски од независната листа „За наше Куманово“ и Самет Салиевски од СДСМ, во полиција поднеле пријава за физички напад.
Отворен ден во Основен суд Куманово По повод Европски ден на граѓанска правда - 25 октомври во Основен суд Куманов утре ќе се одржи отворен ден за граѓаните. Сите заинтересирани можат да го посетат судот во периодот од 12 до 14 часот.
Претрес во Куманово, пронајдена дрога Полициски службеници од СВР Куманово, вчера го лишиле од слобода К.Г. (19) од Куманово.
Во Куманово шестмина починати од коронавирус на возраст од 52 до 89 години Шест лица починаа како последица од коронавирус во Куманово. Пациентите биле на возраст од: 52, 58, 71, 71, 85 и 89 години. Новозаболени се 28 лица и 46 се оздравени.
Димитриевски: Јас имам само една коалиција, тоа се граѓаните „Срамни се обвинувањата на СДСМ Куманово кои се однесуваат на мојата кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори, каде велат дека сум склучил пакт со злото“, се огласи Максим Димитриевски по обвинувањата од СДСМ.
Реакција на СДСМ Куманово: Димитриевски склучи пакт со ѓаволот за одбрана на личните интереси Oткако независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски доби јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за вториот изборен круг, од СДСМ Куманово го обвинија дека склучил пакт со ѓаволот за одбрана на личните интереси и сака да го врати режимот во Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Димитриевски во вториот изборен круг ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи независен кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вториот круг на изборите. Одлуката е донесена на седница на Извршниот комитет на партијата во Охрид.
Илиевски најави замена на азбесните водоводни цевки на Никола Тесла Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, денеска на жителите на улицата Никола Тесла, им вети дека доколку добие мандат од граѓаните приоритет ќе му биде замена на водоводната мрежа на улицата, како асфалтирање улици и изградба на канализација.
Димитриевски до лани не знаел дека протекува крoвот на „Крсте“ и „Браќа“ - не му кажала предходната директорка, тврди Павловски Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, до минатата година не знаел дека протекува кровот на зградата во која се сместени основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, бидејќи за тоа не го известила бившата директорка на „Браќа Миладиновци“, тврди идниот советник Николај Павловски од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, одговарајќи на обвинувањата на СДСМ дека локалната самоуправа не преземела ништо да го санира оштетениот покрив, поради што е загрозена безбедноста на учениците.
Илиевски најави дислокација на монтажната гаража од центарот на Куманово Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски денеска на средба со жителите од централното градско подрачје најави дека веднаш по стапувањето на градоначалничката функција ќе ја отстрани монтажна катна гаража, која актуелниот градоначалник Максим Димитриевски ја постави и покрај противењето на голем дел од граѓаните на Куманово.
Протекува кровот на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ - нема услови за настава во поплавените училници Учениците од основните училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, посетуваат настава во други објекти, затоа што протекува кровот на училишна зграда и постои опасност вода да дојде во допир со електрична инсталација и да ја загрози нивната безбедност. Ова денеска го обелодени Атина Мургашанска од светничката листа на СДСМ, која го повика градоначалникот Максим Димитриевски итно да реагира и да го реши проблемот.