Ретроспективна изложба на Дороти Пачкова во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре во 14 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на Дороти Пачкова - “Retroactive retrospektive“.
Павловски: Црната пропаганда не стивнува Идниот советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски на денешната прес-конференција информираше дека цело Куманово е преплавено со флаери со негативна содржина за нарушување на угледот на независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.
Еден починат, 37 новозаразени и 14 оздравени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19.
Куманово ќе добие Боемска улица, најави Илиевски Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски, денеска презентираше неколку проекти за централното градско подрачје во Куманово.
Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат Димитриевски во вториот изборен круг Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вториот изборен круг. Договорот за соработка беше потпишан во изборниот штаб на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, при што Димитриевски потенцираше дека ова претставува почеток на една плодна политичка соработка.
Македонскиот полициски синдикат ги повика членовите да не се ставаат во служба на партиите Македонскиот полициски синдикат ги повика своите членови да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушуваат угледот на институцијата во која работат и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии.
Костовски: Глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата и во јавните претпријатија, ако тој победи. Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето. Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес конференцијата Марин Костовски , пратеник од СДСМ од Куманово.
Кумановец шверцувал мигранти од Куба Кумановец e лишен од слобода поради кријумчарење на мигранти, кои вчера биле пронајдени во возилото што го управувал, кај наплатната станица Демир Капија.
Заев: Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија „Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример за целата држава”, порача вечерва од Куманово претседателот на СДСМ Зоран Заев на средби со граѓани во населбите „Гоце Делчев“ и „Диво Насеље“.
Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, денеска на Градскиот стадион се сретна со тренерите, играчите и родителите на децата од Фудбалскиот Клуб „Куманово Милано 2010“.
Илиевски најави изградба на детски градинки во „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“ Изградба на две нови детски градинки во населбите „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски на средба со граѓаните од населбата „Тоде Мендол“.
Двајца починати и 54 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 511 нови случаи на ковид-19, направени се 3.622 тестирањe.
Фалат судии и стручни соработници во Основен суд во Куманово Судии и стручни соработници му фалат на Основниот суд во Куманово, кој според бројот на предмети и подрачје кое покрива и по број на жители е меѓу најголемите во државата. Според систематизацијата, Кумановскиот суд треба да има 35 судии, а во моментот работи само со 21. Судот е со проширена надлежност и постапува по предмети во граѓанска и во кривична постапка.
Започна исплатата на октомвриските пензии Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Викендов почнува зимското сметање на времето Во сабота спроти недела (30 кон 31 октомври) ќе почне зимското сметање на времето.
Цените на бензинот и дизелот не се менуваат, мазутот со мало поевтинување Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи.