Двајца починати и четворица новозаболени од коронавирус во Куманово Направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 новислучаи на ковид-19. По градови: Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.
Горивата поскапуваат за еден денар По полноќ цените на бензинот и на дизел горивото ќе се зголемат за 1 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот од 98 октани ќе изнесува 78,50 денари, додека „обичниот“ од 95 октани ќе се продава за 76,50 денари за литар.
За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки, кажа Димитровска Нека победи најдобриот кандидат, нека одлучат граѓаните кој треба да ја води општината. Најважно е до крај да имамем фер и демократски процес, изјави кандидатката за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска, која не освои доволен број на гласови за влез во вториот круг на изборите, но денеска се заблагодари на граѓаните за поддршката во првиот круг.
Ние сме сигурни победници и во вториот круг на изборите, вели Илиевски Коалицијата на СДСМ е победник на овие избори иако синоќа имаше некаква спектакуларна прослава на Градскиот плоштад, кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ Оливер Илиевски на денешната прес конференција. Тој вели дека тие имаа најголем број на членови во советот, а разликата во резултатот помеѓу него и Димитриевски е само дваесетина гласа, па победникот ќе се знае дури по вториот круг на изборите.
Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи политичките партии во Куманово, кажа Димитриевски Кандидатот за градоначалник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, денеска одржа прес конферениција на која им се заблагодари на гласачите, коишто му дадоа поддршка на изборите и најави дека ќе ја оправда нивната доверба.
Распоредот на силите во Советот на Општина Куманово Битката за советници во Советот на Општина Куманово заврши. Граѓаните на Куманово гласаа за 13 советнички листи за 33 советника во Советот на Општина Куманово.
ДИК ги објави резултатите за кандидатите за градоначалник на Куманово Според последните официјални податоци на Државната изборна комисија (ДИК) обработени се 99,88 отсто гласовите на граѓаните кои гласаа во првиот изборен круг на Локалните избори во Куманово.
Илиевски вели дека со изедначен број на гласови со Димитриевски ќе одат во вториот круг на изборите Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски вели дека влегува во вториот круг од изборите, откако се пребројани 97 отсто од гласовите.
Димитриевски прогласи убедливо водство во Куманово Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски вечерва прогласи победа и неговите приврзаници излегоа да прослават на Градскиот плоштад во Куманово. Димитриевски вели дека граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има убедлива победа во Советот, а дека води и пред противкандидатот од СДСМ, Оливер Илиевски.
Во Куманово до 18.30 часот излезноста е над 47 отсто Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18.30 часот во Куманово е 47,26 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија. Во Куманово гласале 36.389 избирачи од вкупно 93.986.
Гласач фотографирал гласачко ливче на избирачко место во „Кочо Рацин“ Во Општинската изборна комисија (ОИК) денеска било пријавено дека избирач фотографирал гласачко ливче.
Излезноста во Крива Паланка 49 отсто до 15 часот До 15 часот во Крива Паланка гласале 49,15 % од избирачите или вкупно 8.220 граѓани. Сите избирачки места се отворени навреме и изборниот процес тече без проблеми.
До 15 часот излезноста во Куманово 28 отсто Според последните податоци на Државната изборна комисија, до 15 часот правото на глас во Општина Куманово го искористиле 23.456 граѓани, или 28,56 проценти.
ДИК: До 9 часот излезноста е 3.28 отсто На седмите Локални избори до 9 часот гласале 23 илјади граѓанани, што значи дека излезноста е 3.28 отсто, рече на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.
Еден починат и 35 новозаболени од ковид-19 во Куманово Во изминатите 24 часа од направени 3.595 тестирања регистрирани се 395 нови случаи на ковид-19, оздравени се 245 пациенти, а починале 14 лица. Дополнително пријавени се уште 7 починати лица, кои починале во периодот од 5 септември до 10 октомври, информира Министерството за здравство.
Со квалитетно образование до подобра иднина Водејќи се од своите компаниски вредности за општествена одговорност и грижа за идните генерации, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, и оваа година доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока финансии и банкарство (ACBSP акредитирана).