Доцевска-Божиновска најави поголема поддршка и помош на угостителите Носителката на листата на советници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска-Божиновска, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и поранешната министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, се сретнаа со членовите на на Здружение на угостителите „Бисер“ од Куманово.
Близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со купување гласови, обвини Тасевска Кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови. Цената на еден глас изнесува 500 денари плус 500 денари за посредникот на зделката, кажа денеска на прес конференција пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.
Лични карти ќе се издаваат и во сабота и недела Во пресрет на претстојните Локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври 2021 година, МВР ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.
Приведени лицата што го сквернавеле гробот на градските гробишта во Куманово Три лица се приведени поради соменение дека го раскопале гробот на градските гробишта во Куманово.
Промоција на романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска во Куманово Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечрва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Трамонтана“ од авторката Наташа Сарџоска. Промотор на романот ќе биде Фросина Пармаковска.
Субвенции за климатизери, велосипеди и тротинети, најави Ефтимовски Фотоволтаични системи низ сите општински објекти, субвениции на велосипеди, тротинети, клими предвидува програмата на коалицијата „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ.
Сквернавен гроб на гробиштата во Куманово Жена од Куманово во полицијата пријавила случај на сквернавење на градските гробишта.
Митковска најави нови детски градинки во населбите „Тоде Мандол“ и „Перо Чичо“ Предвидуваме изградба на две нови детски градинки во населбите „Тоде Мендол„ и „Перо Чичо„, со што на нашите најмали сограѓани ќе им обезбедиме правилен раст и развој со изградба на современи објекти, согласно највисоките европски стандарди, изградени со енергетски ефикасни и еколошки прифатливи материјали, вети Марина Митковска, кандидат за член на Советот на Општина Куманово од СДСМ.
Ученици од Куманово, Прилеп, Кавадарци и од Маврово-Ростуше онлајн учествуваа на „Џифони Македонија“ Педесетина ученици од Куманово, Кавадарци, Прилеп и од Маврово-Ростуше во изминатите денови учествуваа на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ од своите училишта или домови. Преку т.н Џифони-хабови тие ги следеа активностите на кадетите и сениорите, гледаа филмови, се вклучуваа во дискусиите, а учествуваа и на работилниците.
27-годишно лице од Крива Паланка и двe лица од Куманово, меѓу шестемина починати од ковид-19 27-годишно лице од Крива Паланка е меѓу шестемина починати од компликации на ковид-19 во изминативе 24 часа. Починати се и две лица од Куманово (63г и 68г) и по едно од Скопје (77г), Тетово (85г) и Струмица (80г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Занаетчиството во Куманово заслужува сериозна посветеност и поддршка, порача Доцевска-Божиновска Носителката на листата за советници на коaлицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска-Божиновска, денеска оствари средба со претставници на Регионалната занаетчиската комора во Куманово, при што истакна дека занаетчиството и занаетчиите заслужуваат поголема поддршка и помош од локалната и централна власт.
Германска компанија ќе гради ветерници од Куманово до Крива Паланка, инвестицијата е 500 милиони евра Германската компанија ВПД ќе гради ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, во стратешко партнерство со македонската влада.
„Српски вез“ организира работилница за изучување на српски јазик Во состав на Културно уметничкото друштво „Српски вез“ од минатата година функционира работилница за изучување на српскиот јазик. Часовите се изведуваат во библиотеката на друштвото, а со децата работат учителките: Жаклина Милинковиќ, Магдалена Митровиќ и Бојана Николиќ Вељановска.
Во Куманово одбележана 80-годишнината од Народното востание На Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово, денеска се одбележа 80-годишнината од 11 Октомври – Денот на народното востание, почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Свежо цвеќе положија делегации од Сојузот на борците, локалната самоуправа, Владата, претседателот, Собранието, АРМ, МВР, институции, учиишта, политички партии и граѓани.
Во прекин сообраќајот на магисталниот пат Куманово-Крива Паланка Сообраќајна незгода во близина на с.Страцин го прекина сообраќајот на магистрален пат Куманово - Крива Паланка.
Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово Во изминатите 24 часа регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.529 тестирања. По градови во: Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавадарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.